Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екстрадиција или азил: Каде Груевски ја чека одлуката

0
By Нова ТВ on November 16, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 16, 2018 08:34

Груевски побарал политички азил во унгарско претставништво надвор од Македонија, објавија вчера унгарските власти, кои отфрлија каква и да било инволвираност во неговото бегство.

Шефот на Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан не откри во која земја Груевски го поднел барањето и како стигнал до Службата за имиграција и азил во Будимпешта каде ги поднел документите и бил сослушан од службениците. Тој изјави дека Унгарија нема добиено официјално барање од Македонија за екстрадиција на Груевски, но доколку добие такво барање, по него ќе се постапува согласно законите.

Во Македонија, пак, се подготвува барањето со обемната документација за екстрадицијата на Груевски, кое според владиниот портпарол Миле Бошњаковски, ќе биде доставено до унгарските власти во следните денови.

–  Министерството за  правда од надлежните судови ја собира севкупната документација во однос на случајот.  Таа ќе биде преведена и доставена до унгарските надлежни органи односно до Министерството за правда на Унгарија. Во документацијата меѓудругото ќе има и образложение зошто Никола Груевски треба да биде екстрадиран во Македонија. Се работи за обемна документација околу 400 страници, но без разлика на бројот на страниците, барањето ќе биде официјално доставено до Унгарија во текот на овие денови, изјави вчера Бошњаковски на прес-конференција во Владата.

Паралелно со ова, во Македонија ОЈО отвори предистрага со сомневање дека службени лица го помогнале бегството на Груевски. Исто така,  се спроведуваат и две постапки во Министерството за внатрешни работи со цел да се утврди начинот на којшто Груевски побегнал од Македонија. Одделот на внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале, а дополнително Секторот за внатрешни работи Скопје го утврдува начинот на бегство, како и евентуално надворешни лица кои му помогнале.

По низата неофицијални објави во медиумите околу рутата на движење на Груевски,  Секторот за граница и миграција при Албанската полиција синоќа соопшти дека поранешниот македонски премиер излегол од Албанија на 11 месецов во 19:11 часот преку преминот Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A,сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана.

Унгарската амбасада во Тирана вчера ниту ја потврди, ниту ја демантира оваа информација. За тиранската телевизија „Топ чанел“, од Амбасадата кусо одговориле дека „не ги коментираат процесите кои се во тек“ поаѓајќи од фактот дека барањето за азил на Груевски се разгледува во Будимпешта.

Медиумите претходно јавија дека од прегледот на TIMS системот на премините, произлегло дека тој на албанска територија не влегол преку официјален премин, што ја остава отворена можноста дека тоа да го направил  илегално преку зелениот појас, по што бил во унгарската амбасада во Тирана, каде и побарал азил.

Топ Чанел повикувајќи се на свои извори објави дека Груевски ја напуштил со пасош. Притоа телевизијата не споменува дека Груевски легално не поседува пасош, бидејќи тие му се одземеникако мерки на претпазливост во текот на процесите кои се водат против него.

Албанската полиција, во чие соопштение немаше информација преку кој граничен премин Груевски влегол на албанска територија, наведе и дека на денот кога Груевски бил на територијата на Албанија не постоела никаква потерница од Македонија или Интерпол.

Следеше и соопштение од црногорското Министерство за внатрешни работи, исто така со пoтврда дека Груевски влегол и излегол од Црна Гора на 11. месецов, како и дека црногорската полиција во овој случај „во целост ги испочитувала законските процедури“.

За Унгарија, барањето за азил е правно прашање

За Груевски и неговото барање за политички азил во Унгарија вчера телефонски разговараа и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот унгарски колега Петер Сијарто. Од унгарското Министерство за надворешни работи информираа дека Сијарто му кажал на Димитров оти барањето на Груевски за азил е правно, а не политичко прашање и оти унгарските власти ќе одлучуваат според меѓународното право.

Реакција за бегството на Груевски стигна и од Стејт депарментот. Претставник на Стејт депарментот за „Политико.еу“ изјави дека САД сметаат оти Груевски треба да си ја отслужи затворската казна во својата земја.

– Во правен и транспарентен процес Никола Груевски беше осуден од македонскиот суд за злоупотреби на службената должност и осуден на две години затвор. Пресудата беше потврдена и од други судски инстанци. Дополнително, Груевски е обвинет во уште четири кривични предемети. Ние сметаме дека судските постапки во Македонија треба да продолжат, а Никола Груевски да одговара пред македонскиот правосуден систем, вели претставникот Стејт департментот.

бегство Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.