Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ел Чека осуден на една година условно, адвокатoт ќе ја обжали пресудата

0
By Нова ТВ on January 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 23, 2020 16:25

Кичевскиот основен Суд, на Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, му одреди условна казна затвор од една година, ако во наредните две години не стори ново кривично дело. Веста за ТВ Алсат М ја потврди неговиот адвокат Бесник Асани, кој вели дека во оваа постапка е прекршен Кривичниот законик.

„Мислиме дека се направени многубројни суштински повреди на постапката, според Кривичниот законик. Една од тие е што во ова дело не постои оштетена страна, кој е битниот и главен елемент во кривичната постапка. Ова го знае и студент од прва година на Правен фукултет, дека ако не постои оштетена странка, неможе да постои и кривично дело“, вели Асани.

Во пресудата како што информираат од ТВ Алсат М, пишува дека Ел Чека од 29 до 31 мај лани, на социјалната мрежа ФБ, објавил повеќе тонски снимени прислушувани телефонски разговори, со што им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и други неповикани лица да се запознаат со содржината на ваквите разговори. Адвокатот Асани вели дека не се задоволни ниту од пресудата, ниту од текот на постапката и дека ќе ја обжали пресудата пред Апелацискиот суд во Гостивар.

Во завршните зборови, обвинителката Манка Јаневска побара Ел Чека да се прогласи за виновен, но при изрекување на казната, Судот да го има во предвид фактот дека обвинетиот е млад и досега не осудуван. Постапката пред кичевскиот суд за Ел Чека, кој живее во САД, а кој во изминатиот период објави десетина бомби со прислушувани разговори за челници на ДУИ, односно сегашни и поранешни функционери на партијата, се одвиваше во негово отсуство. Инаку, Ел Чека тврдеше дека снимките ги добил од тројца обвинети во Диво Насеље (Шефќет Халачи, Валдет Зекај и Сами Укшини).

Ел Чека казна Кичево Основен суд Шеќерим Ахмети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026
shortcut
ФОКУС
August 6, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

ВЕСТИ August 6, 2026

Во септември ќе има околу 4.900 првачиња помалку од лани, рече денеска министерката за образование…

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026
ТИКЕР

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.