Над 14,5 милиони денари од почетокот на годината, заклучно со јули, државата врати кај фирмите врз основа на поврат на ДДВ. Заменик министерката за финансии, Ширет Елези изјави дека во стопанството се вратени 1,8 милијарда денари повеќе во однос на претходната година.

„Во текот на овој период до фирмите се вратени над 14,5 милијарди денари што во споредба со претходната година е 1,8 милијарда денари повеќе или 30 милиони евра“, рече Елези.

Според неа, тоа е уште еден аргумент дека имаме зголемување на даночните приходи, дека ликвидноста на буџетот е во најдобар ред и со тоа навремено се сервисираат сите обврски од Буџетот на расходната страна и кон бизнис-секторот.