Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕМА ги прегледува податоците за лекот против ковид на Мерк

0
By НОВА ТВ Balaban on November 9, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 9, 2021 10:40

Лекот го таргетира ензимот што коронавирусот го користи за репродукција, вметнувајќи грешки во неговиот генетски код што ја забавува способноста на ширење и преземање на човечките клетки.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера почна да ги разгледува податоците поврзани со таблетата Мерк за лекување на Ковид-19 за да може што е можно побрзо да даде мислење до здравствените власти на 27-те членки кои сакаат да почнат со примена пред официјално одобрување.

ЕМА во соопштението информира дека ќе даде „препораки низ ЕУ што е можно поскоро за да им помогне на националните власти да одлучат за можна рана употреба на лекот, на пример, во итни случаи“.

Агенцијата со седиште во Амстердам ќе даде препораки додека сè уште е во тек деталната проценка на молнупиравир.

Молнупиравир е првиот антивирусен лек за Ковид кој се зема како апче, а не со инјектирање или интравенски.

Апчето на Мер против Ковид-19 чека ревизија од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) откако покажа силни првични резултати.

Велика Британија минатата недела стана првата земја која даде зелено светло за употреба на овој лек.

Британската агенција за лекови и медицински помагала соопшти дека ја одобрила таблетата за оние над 18 години кои имаат блага или умерена форма на коронавирус и најмалку еден дополнителен ризик фактор за добивање потежок ковид, како што се дебелина, старост, дијабетес или срцева болест.

Во САД, ФДА закажа јавен состанок кон крајот на овој месец за да го разгледа молнупиравир. Компанијата во септември соопшти дека нејзиниот лек ја намалил стапката на хоспитализација и смртност за 50 проценти.

Лекот го таргетира ензимот што коронавирусот го користи за репродукција, вметнувајќи грешки во неговиот генетски код што ја забавува способноста на ширење и преземање на човечките клетки.

„Мерк“ ги прегледува ЕМА лекот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.