Шпанија и Германија ќе играат во финалето на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Италија.
Младите шпански репрезентативци во полуфиналето ги совладаа нивните врсници од Франција со 4:1, а Германија со 4:2 ја елиминира Романија.
Финалето меѓу Шпанија и Германија е на 30 јуни (недела) и ќе биде реприза од шампионатот во 2017 година во Полска на кој настапи и македонската репрезентација.