Македонскиот кикбоксер Димитар Ѓорѓиев се закити со златен медал во лоу кик (категорија до 86 килограми) на Европското првенство во Братислава.

Во финалето на татамите во словачката престолнина тој беше подобар од Русинот Рамазан Баксанов за прво континентално злато по трите мундијалски во кариерата.

Покрај Ѓоргиев, со медал од Братислава се враќа и Бобан Илиоски кој го победи Дмитри Баранов од Белорусија во бробата за бронза до 81 килограм во категориојата К1.