Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган најави: Турција ќе продолжи со воената соработка со Русија

0
By Sashko on September 30, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турција и Русија размислуваат за зајакнување на одбранбените врски, вклучително и заеднички чекори во проекти за развој на подморници и воени авиони, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави агенција ДПА.

Говорејќи пред новинарите по враќањето од средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, Ердоган рече дека двете земји размислуваат за понатамошен трансфер на технологија. Меѓу плановите е изградба на уште две руски нуклеарни централи во Турција и заедничка работа на платформи за лансирање ракети во вселената, информираше денеска Ердоган.

Ердоган и Путин разговараа и за подобрување на соработката во вселенските студии, а Путин предложи заедничко лансирање ракети со изградба на платформи на копно и море.

Турскиот претседател рече дека процесот на купување на системот С-400 се одвива според планот и не станува збор за отстапување. Тој додаде дека тие разговарале и за соработка во бродоградба, производство на мотори на авиони, како и во проекти за развој на подморници.

Забелешките на Ердоган доаѓаат една недела откако се пожали на влошување на односите со САД и рече дека ќе продолжи со програмата за руски ракетен одбранбен систем.

Вашингтон минатата година воведе санкции против Анкара, инаку сојузник во НАТО, поради купување на рускиот систем С-400, што САД го гледаат како закана. САД, исто така, ја суспендираа Турција од програмата за производство на борбени авиони Ф-35 и предупредија на понатамошни санкции доколку се активира системот С-400.

Ердоган рече дека се надева дека ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден на претстојниот самит на Г-20 во Рим на крајот на октомври.

На средбата, Ердоган и Путин се фокусираа и на регионални прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во Сирија, Карабах во Азербејџан, Либија и Авганистан.

Ердоган рече дека војната во Сирија има негативни последици за целиот регион и дека Турција згрижила 4,5 милиони бегалци од таа земја, пренесува агенцијата „Анадолија“. Тој рече дека Турција работи на овозможување безбедно доброволно враќање на сириските бегалци и дополни дека повеќе од милион Сиријци веќе се вратиле, вклучувајќи 400.000 повратници во Идлиб.

„Особено го посочив присуството на терористите на ПКК/ЈПГ во Москва и му реков дека треба да ја зајакнеме солидарноста во борбата против тероризмот. На ист начин, таа организација имаше прием во Белата куќа. И тука, за жал, им се посветува внимание. Реков дека треба да ја зајакнеме солидарноста во борбата против тероризмот“, рече Ердоган за средбата со Путин.

Владимир Путин Воена соработка Реџеп Таип Ердоган Русија Свет Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.