Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти дека од вкупно 214 шумски пожари во 46 области на Турција, под контрола се ставени 202, пренесува Анадолија.

Турскиот претседател на Твитер напиша дека од копно и од воздух интензивно продолжуваат операциите за гаснење на шумските пожари.

Тој прецизира дека во овие операции се вклучени 18 авиони за фрлање вода, 850 пожарникарски возила и танкери за вода, 57 хеликоптери, 150 градежни возила, девет беспилотни летала и 5.250 персонал.

Ердоган рече дека во операциите се вклучени и четири авиони и еден хеликоптер, што се обезбедени од странство со придонес на приватниот сектор и невладините организации.