Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган одржа митинг во Сараево, Додик му порача да не се меша во БиХ

0
By Нова ТВ on May 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 21, 2018 08:36

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа на предизборен собир во босанскиот главен град Саарево, ги повика државјаните на Турција што живеат во странство на изборите на 24 јуни да го дадат гласот за негов резибор на претседателската функција.

– Како европски Турци вие секогаш сте ни давале голема поддршка. Сега нам одново ни е потребна (таа поддршка) на овеи избори, изјави Ердоган во обраќањето пред околу 15.000 лица во најголемата спортска сала во Сараево.

Тој при тоа ги повика Турците во Европа, активно да се вклучат во политиката во земјите во кои живеат, со цел „да влијаат за намалување на антитурското располжение“ во тие држави.

Ердоган го избра Сараево за место од кое ќе и се обрати на турската дијаспора, откако повеќе европски држави во кои живеат голем број Турци, како Германија, Австрија и Холандија, му забранија да одржува предизборни собири и да агитира на нивна територија.

Предвремените претседателски и парламентарни зибори на 24 јуни се особено важни, бидејќи по нив стапуваат во сила уставните измени усвоени на референдумот минатата година, со кои Турција од парламентарна се трансформира во претседателска република.

 

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека нема проблеми со посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Сараево, но дека тој не треба да се меша во внатрешните работи на Босна и Херцеговина.

– Ердоган е голем државник на една голема земја, и сè е во ред до тој момент додека не почувствуваме дека претставниците на таа земја се обидуваат на некој начин да се вклучат во внатрешните односи на БиХ. Тоа е местото каде треба да се прекине и да се каже дека е неприфатливо, рече Додик.

Тој додаде дека допрва ќе се види какви последици ќе има посетата на турскиот претседател на БиХ.

Додик Ердоган митинг Сараево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.