Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган се меша во германските избори, Берлин остро реагира

0
By Нова ТВ on August 19, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турскиот претседател побара од Турците кои живеат во Германија да не гласаат за големите партии на парламентарните избори на 24 септември и да ги казнат демохристијанската ЦДУ, социјалистичката СПД и партијата на Зелените. Причината, вели Реџеп Таип Ердоган, е што овие партии “не покажуваат почит кон Турција”.

Оваа изјава веднаш донесе остар одговор од Берлин кој побара од Ердгоан да не се меша во изборниот процес во Германија.

Ердоган, во својот познат стил, изјави дека овие партии се непријатели на Турција:

“Дајте им поддршка на оние кои не се непријателски расположени кон Турција. Станува збор за борба за чест за сите наши граѓани кои живеат во Германија”.

Во Германија живеат 3 милиони Турци и таму е најголемата турска дијаспора во светот. Речиси 1,2 милиони Турци во Германија имаат право на глас за изборите.

Турците во Германија гласаат најчесто за левите партии и за за СПД. Ердоган е популарен помеѓу германските Турци. Речиси 60 отсто од нив гласаа за него на изборите во 2015 година.

Берлин не остана должен со одговор:

“Ние нема да толерираме никаво мешање во нашите избори”, изјави Меркел преку својот портпарол.

Мартин Шулц, социјалистичкиот противник на Меркел за премиер, смета дека Ердоган “загубил секоја мерка” во неговите изјави.

А Чен Оздемир, претседателот на Зелените кој има турска потекло, вели дека не е изненаден од зборовите на Ердоган:

“Сите оние кои се за демократија и против корупцијара и репресијата во Турција се сметаат за предавници и непријатели”, рече тој.

Односите помеѓу Анкара и Берлин се влошија по неуспешниот турски пуч од јули 2015 година.

Германија избори Реџеп Таип Ердоган Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.