Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар ги повика С.Македонија, Србија и Албанија да разговараат со БиХ, Црна Гора и Косово да се приклучат на „ОPEN BALKAN“-Рама: Не треба да трошиме време на убедување на другите  

0
By Mirjana on November 24, 2021 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во организација на републичкото собрание на Србија денеска се одржа конференција за „Отворен Балкан“ насловена како„Пат кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“. На неа партиципираа специјалниот американски претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, премиерите на Србија и Албанија, Ана Брнабиќ и Еди Рама и македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров.

Ескобар ги повика земјите кои се дел од иницијативата „Отворен Балкан“ да разговараат со останатите три земји од Западен Балкан како Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово кои се скептични со цел да ги стимулираат да се приклучат и тие кон оваа иницијатива, зашто според него проектот ќе биде неуспешен ако во себе нема да ги интегрира сите земји. Тој ја реафирмира американската политика дека ги поддржуваат сите видови инклузивни и интегрирачки иницијативи, како и интеграцијата на овие земји во Европската Унија во ,како што рече, разумен рок.

На овој апел на Ескобар се спротивстави албанскиот премиер Рама, кој нагласи„ не мислам дека треба да трошиме време на убедување на другите колку оваа иницијатива е целисходна“. Ние почнавме со конкретна работа во рамки на иницијативата и многу ми е драго дека правиме добри работи кои ќе им помогнат на луѓето,на работниците,на произвотителите,на фирмите. Конечно да ги надминеме бариерите и да го ослободиме регионот од тој вид на кочења. Ако една Босна не разбира зошто лубениците не можат да чекаат два дена на граница, таа не може да ја разбере ниту суштината на оваа иницијатива, рече Рама.Сите кои сакаат да се приклучат се добредојдени, не знам дали ние располагаме со некој механизам да ги натераме на тоа, но низ реалноста и самите ќе се уверат дека ова е за добробит на сите сегашни и идни генерации тука во регионот, Албанија е домаќин на претстојниот самит на „Отворен Балкан“во декември и дотогаш рече Рама ќе бидат подготвени сите правни документи и дека се покажало дека овде на овие простори ако нешто не се направило за два дена нема да се направи ни за 20 години.

Српската премиерка Ана Брнабиќ истакна дека Србија на економски план направила многу последните години, во рамките на кои отвориле 60 илјади нови работни места и дека имаат јасна визија и план за иднината која е светла и дека ја гледаат како на дланка и со тоа имаат причина за надеж и гордост. Од „Отворен Балкан“ рече  Ана Брнабиќ бенефит ќе видат сите во регионотм со тоа што академските и стручните дипломи ќе се признаваат, од тоа дека ќе има единствен пазар на работна сила, од тоа дека нема да има чекања и застој на границите кој чини милијарди евра неповратно изгубени средства. Од „Отворен Балкан “ бенефит ќе види и регионот и инвеститорите и дека за 2-3 години БДП би се зголемило за 1% а за 6-7 години би достигнал како регион раст на БДП до 7%.

Вицепремиерот Димитров говореше  дека не може регионот да е во ќорсокак и дека доаѓа време кога разликите се се помалку важни, каде што границите се се помалку важни, дури и до степен да станат неважни и затоа поттикнувањето на регионалната соработка преку инцијативата „Отворен Балкан“ е голем чекор кон остварување на оваа визија. Вчерашниот трагичен настан во кој 46 мои сограѓани и сограѓанки, од кои голем дел деца, го изгубија својот живот, покажува колку сме заемно поврзани и колку овие разлики и граници се илузорни. Ја користам и оваа прилика за да оддадам почит кон настраданите и сочувство за семејствата, да упатам желба за сила и брзо заздравување за преживеаните.

Проценките и препораките на еминентните финансиски институции и Европската банка за обнова и развој, извршени независно едни од други, упатуваат дека регионалната економска интеграција ќе го зголеми бруто домашниот производ во секоја земја за 10 проценти над нивото пред пандемијата. Светска банка – повторно ќе се навратам за да го дополнам контекстот – во 2016 година процени дека камионите трошат по 26 милиони часа годишно, односно 80% од времето, чекајќи да ги преминат границите во регионот. Сопствениците на бизниси со кои разговаравме посочуваат дека недостигот на работници го попречува економскиот развој. Оттаму, од аспект на граѓаните и бизнисите на трите држави, па и на целиот регион на Балканот, елиминирањето на трговските бариери е навистина голема и опиплива придобивка, нагласи вицепремиерот Димитров. За крај, сакам да нагласам дека за регионалната соработка да биде успешна – мислам дека господинот Ескобар таа поента јасно ја направи – оваа иницијатива мора да остане отворена, и е отворена за сите заинтересирани. Ако испорачаме во Декември и ако успееме да покажеме во бројки кои се бенефитите за нашите граѓани и бизниси, мислам дека ќе има се повеќе аргументи дека ние немаме празнини во регионалната соработка, туку ја покриваме целата мапа на регионот, рече Димитров на конференцијата за отворен Балкан.

 Мирјана Трпческа

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

конференција Отворен Балкна Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.