Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСМ вели дека се трудат да не поскапи струјата

0
By Соња Крамарска on December 15, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Од денешниот брифинг за медиуми во ЕСМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски одржа брифинг со новинарите со најнови информации од работењето на компанијата и енергетските случувања во државата. Тој рече дека се прават максимални напори од сите енергетски чинители и институции за да не дојде до покачување на цената на електричната енергија од 1 јануари.

Производството на електрична енергија е стабилно и во пораст, вели, и се намалува набавката на енергија. Во моментов ЕСМ работи со сите капацитети во полн погон, освен блок 3 во РЕК Битола, за каде се очекува носечката единица од трансформаторот, и каде се инсталирани сите други делови во очекување за брзо стартување на блокот.

Набавен е јаглен од 600.00 тони за РЕК Битола, а привршува постапката за обезбедување јаглен и за РЕК Осломеј. ТЕЦ Неготино работи со два котли и планирано е да произведува со максимален капацитет до 30 април. Мазут за работа на термоелектраната е обезбеден за до крајот на грејната сезона.

ЕСМ Продажба денеска  почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април. Договор се очекува до крајот на декември.

Во однос на парното греење во градот Скопје, директорот Ковачевски информираше дека компаниите кои го работат делот на производство и снабдување со топлина целосно ги презедоа своите ингеренции во однос на испораката на топлинска енергија, воспоставен е нов систем на креирање сметки, сметките се испорачуваат и од следниот месец ќе почне изедначување за испорака на сметките во вообичаениот термин во месецот. Набрзо ќе се овозможи онлајн плаќање, за што привршува инсталирањето на софтверот.

 

Васко Ковачевски ЕСМ цена на струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.