Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕЦДЦ: Засега нема потреба од итна трета доза на вакцина за општата популација

0
By Sashko on September 2, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во моментот нема „итна потреба“ за дополнителна доза на вакцина против ковид-19 кај општата популација, потврди синоќа Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Во техничката белешка, ЕЦДЦ препорачува дополнителни дози или „засилувачи“ за луѓе со ослабен имунолошки систем, во согласност со ставот на СЗО.

Според сегашните сознанија, нема итна потреба за дополнителни дози кај целосно вакцинирани лица, се вели во соопштението на ЕЦДЦ, додавајќи дека „приоритет е да се вакцинираат оние кои не ја завршиле вакцинацијата“.

Но, „дополнителните дози за луѓе со сериозно ослабен имунолошки систем треба да се земат предвид како дел од нивната вакцинација доколку не постигнале доволно ниво на заштита“, додаде европската агенција со седиште во Стокхолм, во која има претставници на околу 30 земји, вклучително и 27 членки на ЕУ.

На 18 август, Светската здравствена организација (СЗО) го критикуваше брзањето на богатите земји за третата доза на вакцината против ковид, нагласувајќи дека досегашните научни податоци не укажуваат дека има таква потреба.

Давањето на трета доза сега би било како да се додаде „спасувачки елек за луѓето што веќе го имаат, а другите да се остават да се удават без и најмал елек за спасување, појасни директорот за итни случаи при СЗО Мајк Рајан.

Во контекст на ширењето на делта варијантата, неколку земји одлучија или размислуваат за дополнителни дози, најчесто за луѓе со кревко здравје, но и за целата популација.

„Сите вакцини одобрени во ЕУ штитат од хоспитализација и тешки форми на Ковид-19, додека секое трето лице на возраст над 18 години се уште не е целосно вакцинирано“, нагласува ЕЦДЦ.

Вакцина ЕЦДЦ Ковид-19 Свет СЗО Трета доза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.