Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ ги отвора вратите за Македонија – услов се реформите

0
By Нова ТВ on June 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 27, 2018 09:17

Европската унија во јуни 2019 ќе започне преговори со Македонија доколку земјата го одржи реформскиот напредок особено во делот на итните реформски приоритети, одлучи вчера Советот на министри на ЕУ по долгата дебата за проширување, на која се разгледуваа препораките за преговори за Македонија и Албанија.

Советот на министри очекува следната година извештај на ЕК во кој фокусот треба да биде ставен врз реформата на јавната администрација, борбата против корупцијата, судските реформи и реформата на разузнавачките служби.

– Во јуни 2019, доколку е задржан реформскиот момент во Македонија, многу брзо потоа ќе се свика првата меѓувладина конференција на која фактички ќе започнат преговорите.

Во меѓувреме Европската Комисија изрази желба да започне со подготовките за преговори, нешто што Советот на ЕУ го прифаќа.

– Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон проширувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ, напиша еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Твитер.

Тој рече и дека „од утре“ Комисијата ќе започне со процесот на скрининг во областа на владеењето на правото. Скринингот е технички процес во кој се оценува капацитетот на државата кандидат за отворање на одредено поглавје. Поглавјето за владеењето на правото мора прво да се отвори и последно да се затвори за да се обезбеди дека реформите во оваа област се трајни и одржливи.

Франција и Холандија, одбиваа секаков датум за преговори за Македонија, бидејќи сметаат дека реформскиот напредок е премногу свеж и се уште не дал трајни резултати. По напорни дискусии со другите земји членки пронајден е компромис сепак да биде внесен датум, но под одредени услови.

По одлуката на Советот на министри на ЕУ, македонскиот премиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека ова е уште еден голем ден за Република Македонија, и уште едно големо признание за нашата земја.

Владата, преку соопштение, посочи дека Европската унија и лидерите на сите земји членки со оваа одлука ја препознале Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, инклузивност и општествен дијалог.

– Тие во Република Македонија препознаа држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои покажаа дека имаат јасно изразена визија за европска иднина, сметаат од Владата.

Претходно, вчера, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, изјави дека дискусиите во ЕУ се воделе меѓу земјите кои сакаат старт на преговори со Македонија до летото 2019 и оние кои сакаат тоа да биде уште подоцна. Тој ја најави опцијата која на крајот беше усвоена.

Пред состанокот силна поддршка за старт на преговорите дојде од Германија. Министерот за Европа во германското Министерството за надворешни работи Михаил Рот изјави дека Берлин е подготвен да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев упати писма до премиерите на земјите членки на ЕУ во кое ги повика своите колеги да поддржат одлука за старт за пристапни преговори на Република Македонија со ЕУ со временска рамка на процесот, како одлука заснована на заслуги, и како одлука која е одамна заслужена.

Македонија доби кандидатски статус за ЕУ во 2005 година, но поради противењето на Грција поради спроот за името пристапните преговори беа одложувани и покрај позитивните извештаи и препораките од ЕК. Со потпишаниот договор со Грција за името на 17 овој месец, се отстрани и последната формална пречка Македонија конечно да добие датум за преговори и да го продолжи процесот на евроинтеграција.

датум ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.