Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ ги заострува мерките за мигрантите

0
By Zoran Ivanov on December 8, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 8, 2025 11:25

Земјите од Европската унија се подготвуваат да поддржат значително заострување на миграциската политика, вклучително и воспоставување „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ.

Со стравувања дека крајнодесничарските партии би можеле да остварат големи успеси на изборите, европските влади се обидуваат да заземат поцврст став по ова чувствително прашање, пишува „Franse 24“.

Министрите за внатрешни работи денеска во Брисел првпат ќе гласаат за новите мерки предложени од Европската комисија. Пакетот предвидува отворање центри надвор од ЕУ за мигранти со одбиени азилски барања, построги казни за оние што одбиваат да ја напуштат европската територија, како и враќање во „безбедни земји“ што не се нивни земји на потекло.

Иако бројот на нелегални влегувања во ЕУ е намален за околу 20% оваа година, притисокот за акција останува висок. Дел од земјите-членки, предводени од Данска, силно го поддржуваат пакетот, а дипломатски извори велат дека постои „широка политичка волја“ за негово усвојување.

Активистите остро реагираа, предупредувајќи дека мерките ќе ги доведат мигрантите во уште поголем ризик и правна неизвесност. Скептицизам постои и внатре во блокот – Франција ја доведува во прашање легалноста на дел од предлозите, а Шпанија не верува во ефективноста на „центрите за враќање“.

Покрај овие мерки, министрите ќе разговараат и за распределба на најмалку 30.000 баратели на азил меѓу земјите-членки, дел од новиот систем на „солидарност“. Земјите што нема да примаат мигранти ќе треба да плаќаат по 20.000 евра за секое лице. Но, порастот на антиимиграцискиот тон низ Европа ги прави овие одлуки политички чувствителни, а ЕУ се соочува со трка со времето за да постигне компромис до крајот на годината, појаснува Franse 24. 

 

Европа заострува Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.