Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Лидерите на Република Српска да престанат со поткопување на уставниот и правниот поредок на БиХ

0
By Marija Todorovska on March 7, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 7, 2025 10:42

Европската Унија го повикува политичкото раководство на Република Српска да се воздржи и да се откаже од провокативната реторика и од активности на раздор, вклучително и од доведувањето во прашање на суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, се наведува во реакцијата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на „последните случувања во БиХ“.

Правните акти усвоени на 27 февруари 2025 година од Народното собрание на Република Српска и потпишани од претседателот на Република Српска на 5 март 2025 година го поткопуваат уставниот и правниот поредок на Босна и Херцеговина и функционалноста на институциите на земјата и ги загрозуваат основните слободи на нејзините граѓани. Овие активности се во спротивност со обврските што Босна и Херцеговина ги презеде на нејзиниот пат кон ЕУ, се потенцира во реакцијата.

ЕЕАС нагласува дека мора да се почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и уставниот поредок на Босна и Херцеговина и апелира до лидерите на Република Српска да престанат со политичкиот притисок врз јавните службеници за напуштање на институциите на државно ниво.

Република Српска, како и другите ентитети, мора да се придржува до Уставот на Босна и Херцеговина и до законите на земјата и да ги почитува надлежностите и одлуките на институциите во земјата, вклучувајќи ги Уставниот суд, Високиот судски и обвинителски совет, судовите, обвинителството, како и Државната агенција за истраги и заштита. Треба да се искористат сите домашни правни лекови за одржување на уставниот поредок на Босна и Херцеговина, се додава во реакцијата.

Службата потсетува и дека од одлуката на Европскиот совет од март 2024 година за старт на преговорите за членство на Босна и Херцеговина во ЕУ, Унијата постојано ги повикува сите политички актери да го обноват фокусот на земјата за напредок на европскиот пат со решителна акција за преземање на сите релевантни чекори, со цел Советот на ЕУ потоа да може да ја усвои преговарачката рамка.

Напредокот на патот кон ЕУ е најдобрата гаранција за стабилност и безбедност на Босна и Херцеговина и има повеќекратни придобивки за граѓаните на земјата, се заклучува во реакцијата на ЕЕАС.

БиХ ЕУ Република Српска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.