Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ одобри 72,3 милиони евра за поддршка на Македонија

1
By Нова ТВ on December 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕУ додели 72,3 милиони евра помош на Република Македонија за поддршка на демократијата и владеењето и зајакнување на економскиот развој и раст на земјата, соопштија од Делегација на ЕУ во Скопје.

Станува збор за  две програми финансирани од ЕУ. Европската комисија на 29 ноември годинава усвои Програма за активности за Република Македонија за 2017 година. Во исто време, финансискиот договор помеѓу ЕУ и Владата на Македонија за имплементација на годишната ИПА програма за 2016 беше потпишан на 30 ноември.

Клучни приоритети остануваат контролата на границите и миграциската политика, како и поефикасна борба против тероризмот и организираниот криминал. Посебно внимание ќе биде посветено на превенцијата од радикализам и насилен екстремизам. ЕУ подеднакво ќе ја поддржи и ќе ја поттикне реформата на јавната администрација, особено во делот на унапредување на транспарентноста и борбата против корупцијата, како и развој на електронски услуги за граѓаните чија цел е заштеда на времето, напорите и парите на граѓаните.

Овие нови средства од ЕУ наменети за компании, за советодавна поддршка и е-услуги за бизнис секторот се очекува да ги подобрат перформансите на приватниот сектор и да ги направат подинамични компаниите заради создавање повеќе и подобри нови работни места, како и подобрување на економскиот профил на земјата. Во исто време, планираните инвестиции во образовниот систем кои одат паралелно со иновативните мерки на пазарот на трудот ќе ја намалат разликата помеѓу понудата и побарувачката на трудот и ќе придонесат за намалување на невработеноста во државата. Подобрениот квалитет на едукативниот процес и на социјалните услуги ќе ги поддржат младите луѓе во земјата, како и најранливите категории граѓани преку креирање на перспективи за социјален и професионален развој.

– Овие фондови покажуваат колку сериозно ја гледаме иднината на земјата во ЕУ. Тоа е причината зошто инвестираме сега во унапредување на сите нејзини системи и нивно доведување до нивото на ЕУ-стандардите, не затоа што тоа го бара ЕУ, туку заради бенефит на секој еден граѓанин. Изгубеното време треба да се надокнади преку посилна посветеност на Владата и на администрацијата на реформите кои се спроведуваат и преку посилна инволвираност на луѓето во реформите. Одговорност е на секој еден колку далеку земјата ќе стигне, изјави евроамбасадорот Жбогар по повод објавата на доделувањето нови средства за Македонија од страна на ЕУ.

Од 2007 година досега земјата има добиено преку една милијарда евра од ЕУ-фондовите за поддршка на клучните реформи и инфраструктурата. Дополнителни 250 милиони евра ќе бидат алоцирани за земјата до 2020 година. Ова финансирање ќе помогне за модернизација на земјата и ќе донесе конкретна корист за граѓаните во сите сфери на животот.

владеење на правото демократија ЕУ Македонија помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.