Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Шест нови иницијативи за трансформација на Западен Балкан

19
By Нова ТВ on May 17, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: DW
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 17, 2018 10:06

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најавува нови поттици за шесте земји од Западниот Балкан кои се надеваат на натамошно приближување кон ЕУ. Брисел, со цел да ја забрза трансформацијата на регионот, планира финансирање на десетици нови проекти, поделени во шест групи, објавува Дојче Веле.

„Ниту една од земјите на Западниот Балкан сѐ уште не е доволно зрела за ЕУ, но мора да се искористи моментот и во фокусот да се држи дискусијата за реформи“, изјави Хан за ДВ во Софија, каде денеска се одржува самитот на ЕУ и Западниот Балкан.

Полни 15 години по самитот во Солун, каде ЕУ земјите од регионот се обврзаа на поблиска соработка и спроведување реформи, единствено Хрватска успеа да фати приклучок и да стане полноправна членка на елитниот клуб. Останатите земји од регионот долго беа во чекалница, а сега со различна брзина напредуваат кон Унијата.

Србија и Црна Гора во меѓувреме започнаа преговори за членство, но датумот спомнат во Стратегијата на Европската Комисија – 2025 година, засега е далеку од остварување. Хан вели дека за некоја земја да стане полноправна членка во 2025 година мора да ги заврши преговорите најдоцна во 2023 година. Според Хан, за Србија еден од главните проблеми останува постигнувањето „правно обврзувачки договор“ со Косово. Комесарот одбива да зборува за крајни рокови и датуми за ова прашање.

Главни проблеми, покрај билатералните прашања, за сите земји се владеењето на правото, корупцијата и организираниот криминал.

„Некои земји не го сфаќаат сериозно проблемот на владеење на правото“, предупредува Хан, но додава дека сите земји напредувале во последно време.

Македонија и Албанија се надеваат дека до крајот на јуни ќе добијат датум за почеток на преговори. Еврокомесарот е оптимист дека тоа ќе се случи и покрај отворените сомневања и негодувања кај некои земји членки. Во случајот на Македонија тоа ќе зависи и од решението на спорот за името со Грција.

Според Хан, најголем предизвик во регионот и натаму останува Босна и Херцеговина, но тој смета дека и таму е „можен напредок“ доколку постои политичка волја за такво нешто – во прв ред со реформа на компликуваниот политички систем.

За да им даде дополнителен елан на земјите од регионот, ЕК претставува шест нови иницијативи вредни повеќе стотици милиони евра. Сите земји ќе добијат поттик во сегментот на зајакнување на владеењето на правото, вклучувајќи тука и поголема контрола на спроведувањето на реформите. Втората иницијатива има за цел да го зголеми ангажманот во делот на безбедноста и миграциите, така што, меѓу останатото, Европол ќе испраќа офицери за врска во регионот.

Вработувањето и социјалните реформи ќе бидат дополнително финансирани од буџетот на Комисијата и тоа во делот на поддршка на стартап фирми, поголема достапност до средства за истражувања и иновации, како и развој на Регионална економска зона. Хан очекува регионалната зона да се воспостави до средината на наредната година.

Иницијативите за дигитална агенда и поголема поврзаност во регионот ќе бидат финансирани со повеќе од 200 милиони евра. Во првиот сегмент е планирано намалување на трошоците за роаминг, подобрување на широкопојасниот интернет, развој на е-Влада, е-Набавки и е-Здравје, како и дигитализација на индустријата. Во вториот сегмент – поврзаноста, се планира зголемено финансирање во областа на транспортот и енергетиката, а според калкулациите, таа помош до 2020 година би требало да достигне 2,4 милијарди евра.

Шестата иницијатива се однесува на помирувањето и добрососедските доноси, а во нејзини рамки треба да се посвети поголемо внимание на транзициската правда, проблемот на исчезнатите лица и поголемата соработка во областа на образованието, културата, младите и спортот.

ЕУ- Западен Балкан Самит Софија Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.