Европската унија (ЕУ) ќе организира донаторска видео-конференција на 4 мај за собирање средства во борбата со коронавирусот, особено за развој на вакцина, најави вчера претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
„На 4 мај ќе одржиме донаторска конференција за да собереме помош за борба против коронавирусот. Ова ќе биде прва ваква конференција во историјата“, рече таа.
„Мора да создадеме вакцина. Тоа е светска задача, а кога вакцината ќе биде создадена, таа мора да биде еднакво достапна за сите земји во светот. За да се помогне тој процес, неопходно е финансирање и донаторска конференција која ќе го пополни финансискиот недостиг во оваа област. Тесно соработуваме со Светската здравствена организација и со другите меѓународни партнери и се надеваме дека нашата иницијатива ќе биде поддржана од сите земји“, порача претседателката на Европската Комисија.