Предводникот на десничарското здружение на руски навивачки, Александар Шпригин, е исфрлен од Франција по насилствата на трибините на натпреварот помеѓу Англија и Русија во рамките на Европското првенство во фудбал.

Уште 19 други навивачи се дополнително депортирани со него.

> Москва: Апсењето на руските навивачи во Марсеј е “недозволиво”

Приведени беа во вторникот додека патувале на релација Марсеј-Лил за да го следат натпреварот на Русија со Словачка.

Москва се налути на ваквите постапки и го повика францускиот амбасадор во знак на протест.

Александар Шпригин и неговиот Сојуз на навивачи се поддржани од Кремљ. Русите и Англичаните се судрија и пред и после натпреварот.