Безбедносните служби во Манчестер денеска извршија контролирана експлозија откако сомнителен пакет беше пронајден на фудбалскиот стадион „Олд Трафорд“.

Пред експлозијата, полицијата ги евакуираше гледачите кои требаше да го одгледаат последниот натпревар на Манчестер Јунајтед од годинашнава сезона на Премиер Лигата, против Борнмут.

Полицијата пакетот го пронајде со кучиња трагачи а за да се спречи паника, евакуирањето се одвиваше етапно.

Англиската фудбалска асоцијација соопшти дека ги разгледуваат датумите за што е можно побрзо да се одигра натпреварот но секако откако сите безбедносни прашања ќе бидат решени.