Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еврокуп: МЗТ Скопје со кошмарен пораз и два јубилеја

0
By Нова ТВ on November 10, 2016 СПОРТ
Фото: mztskopjeaerodrom.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова, резултатски, кошмарна вечер за МЗТ Скопје. И тоа во меч што е одигран во период на два јубилеја. Првиот е роденденски и се однесува на пет децении од формирањето на клубот од Јане Сандански, вториот датира од поновата историја и одбележуваше 20 години од триумфот над Реал Мадрид. Меѓутоа на спротивната страна, за жал, ја имаа Гран Канарија, со Мекејлеб и Хендрикс, против која не можеа со победничко издание да ја комплетираат прославата.

Шпанците беа супериорни во однос на македонскиот првак, изгледаа моќно, силно, искусно, знаеја што сакаат и како да стигнат до целта. Лидерската позиција во групата ја оправдаа во вистинска смисла на зборот. Конечни 75:98 (17:24, 16:27, 22:18, 20:29) за нивна четврта победа во исто толку одиграни мечеви во Еврокупот и четврти пораз на „металците“ кои се убедливо последни.

Фото: eurocupbasketball.com
Фото: eurocupbasketball.com

Единствен кој парираше на фаворитот беше Џош Скот. Американецот постигна 22 коша и беше прв стрелец во мечот, но немаше расположен соиграч(и) за поддршка. Темс забележа 15 поени, Мекиќ и Синовец по 11. Солидните 32 скока под обрачите беа поништени со, неверојатни, 24 грешки во играта во поле со кои тешко може да се добие просечна екипа, а не сериозен состав каков е членот на АЦБ лигата. Најефикасен во гостинската еккипа беше Кајл Кјурик со 19 поени, Онил и Баез уфрлија по 15.

Јончевски: Овој пораз е лекција за нас

„Се обидовме да играме онолку добро колу што можеме во овој момент. Направивме премногу грешки и дозволивме доста офанзивни скокови на противникот. Овој пораз ќе биде лекција за нас за уште потешка работа и борба“, кажа Александар Јончевски по средбата на која присуствуваа добар дел од генерацијата што го порази „кралскиот“ клуб во 1996 година во рамки на тогашниот Сапорта Куп.

Фото: mztskopjeaerodrom.mk
Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Најголем дел од екипата што извојува историската победа против Реал Мадрид беше во СЦ „Јане Сандански“. Перо Блажевски, Врбица Стефанов, Борис Нешовиќ, Дејан Димов, Тони Синиќ, Мирза Куртовиќ, Игор Михајловски го следеа дуелот со Гран Канарија. Во ростерот против гигантот на европската кошарка тогаш беа и Марк Дин, Антони Миневски, Ѓорѓи Књазев, Слободан Петровски. Од клупата беа водени од Александар Књазев чиј асистент беше Саша Димитриевиќ.

Клубот за сите подготви врамени дресови со бројката 20 што алудира на годините минати оттогаш. За потсетување на повозрасните љубитеи на кошарката, но и за запознавање на помладите беше емитуван и кус видео материјал со хајлајтси од средбата со гласот на неповторливиот Љубомир Николовски чија специјалност во спортското коментаторство беше токму кошарката.

 

 

Гран Канарија Еврокуп Јубилеј кошарка МЗТ Скопје Реал Мадрид роденден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.