Фенербахче стигна до осмата сезонска победа во Евролигата. Турскиот состав во Истанбул ја совлада Црвена звезда со 87:72 (по четвртини: 20:18, 21:13, 27:19, 19: 22) во меч во кој Перо Антиќ имаше забележителен ефект. Македонскиот интернационалец одигра 20 минути, во нив постигна 13 коша, 3 скока и по една асистенција, украдена и загубена топка за индекс на корисност 16, четврти тимски во средбата.
Најефикасен на паркетот беше Екпе Удох со 15 поени, еден повеќе од Весели. Двоцифрени во составот на Жељко Обрадовиќ уште беа Диксон (11) и Костас Слукас (10). Калиниќ реализира 8 поени, но оствари и 12 скока, по шест во офназива и дефанзива, од вкупно 38 на целата екипа. Марко Симоновиќ со 14 коша беше лидер кај белграѓани кои го доживеаја седмиот пораз.