Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евролига: Макаби „падна“ во продолженија, Милано ја проби „стотката“

0
By Нова ТВ on November 10, 2016 СПОРТ
Фото: euroleague.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Панатинаикос го совлада Макаби Тел Авив во еден од дерби мечевите во кошаркарската Евролига вечерва. Победникот во Атина беше познат по продолженијата по кои „зелените“ славеа со 83:75 по нерешените 67:67 во основните 40 минути. Домашните во еден дел од третиот период имаа и плус 16, но израелскиот состав се разбуди преку Гудлок и Вимс се доведе и во ситуација да слави. Екстра баскет за Пао, сепак, обезбеди Џејмс Гист на десет секунди до крајот за подоцна да осигура четврта победа во сезоната. Синглтон со 26 поени беше најефикасен на средбата, Сони Вимс ја предводеше „гордоста на Израел“ со 15 коша.

Армани ја проби границата од 100 поени во натпреварот на домашен терен со Анадолу Ефес. Екипата од Милано триумфира со 105:92 на крилјата на Сандерс кој постигна 22 поена и Џентиле со 17. Барселона во „Блауграна“ го победи Жалгирис со 92:86, Дарушафака беше подобра од Бросе Бамберг со 72:70, а предноста на домашниот терен ја искористи и Уникс чии кошаркари во Казан ја совладаа Црвена звезда со 65:62.

Евролига

Резултати, 6. коло

Барселона – Жалгирис 92:86

Армани Милано – Анадолу Ефес 105:92

Панатинаикос – Макаби Тел Авив 83:75 (по продолженија)

Дарушафака – Брсе Бамберг 72:70

Уникс Казан – Црвен звезда 65:62

Анадолу Ефес Армани Милано Евролига кошарка Макаби Тел Авив Панатинаикос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.