Дипломатите од Европа, Кина и Русија ќе разговараат за нов договор со кој на Иран ќе му биде понудена финансиска помош во замена за запирање на развојот на балистички проектили и мешање во политиката во регионот. Според германските медиуми, претставници на овие земји ќе се состанат во Виена следната недела, под водство на високиот дипломат на Европската унија, Хелга Шмид, по одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да се повлече од нуклеарниот договор со Иран.
Со договорот од 2015 година, Иран ја запре својата нуклеарна програма, а Запад ги укина санкциите. Трамп се повлече од договорот и ги обвини властите на Иран дека даваат подршка на вооружените групи на Блискиот Исток кои западните земји ги сметаат за терористи.