Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската унија во слободен пад

0
By Marija Todorovska on April 9, 2025 АНАЛИЗА, ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 9, 2025 12:57

ЕУ, не Европа како континент зашто има, нели, и други држави, го живее својот најлош период од денот кога е формирана во ваков формат. Од моментот кога и ако “пукне” врската меѓу Франција и Германија, ЕУ престанува да постои.

Славе Младеновски

Да, во слободен. А дали тоа значи и пад во економијата, политиката домашна и меѓународна, култура и да не редам. Постои целосно нарушување на сите мерливи индикатори.

Она што беше во изминатиот период додека не беа во судир со политиката на САД, најсилната страна – функционирање на бирократијата, сега се јавува како камен со ортома околу вратот. Оваа иста европска бирократија која се гордее со своите измислени правила и ги наметнува на сите мали и слаби држави, сега е доведена во хаотична состојба поради непослушност на еден, на двајца, а сигурно ќе бидат многу повеќе, бара прекршување на утврдените правила. Вредностите се жртвуваат за заштита на интересите, пропагандата не престанува да произведува непријатели околу нас, а најчесто тоа е оној што е против политиката на актуелната власт.

Ние овде во регионот се наслушавме во овие две децении дека има патриоти и предавници. Според,  досегашното искуство и актуелните состојби нашиот народ вели: “мечката заигра и во нивниот двор”.

Како се чувствува романскиот граѓанин што гласал за одредена политичка личност, на пример, а тоа право му се поништува.

Висок функционер на американската држава веднаш го лоцира проблемот дека нешто што е против волјата на граѓаните не може да биде демократија. Во слободна интерпретација, романскиот граѓанин што му е поништен гласот смета дека живее во диктатура , од една страна и јасно се спротивставува на подршката на таквата политика на ЕУ, од друга страна.

Во наредниот период ќе се вршат последните подготовки и договори на САД, Русија и Кина за демонтажа на ЕУ. Со други зборови тие го гледаат својот интерес што е целосно во спротивност со интересите на државите членки на Унијата. Прашање на време е кога по одделни прашања државите ќе истакнат спротивни ставови.

Изборите во Европа ќе бидат генератор на големите промени во ЕУ. Таа промена се очекува да биде демократска со победа на избори на партии што ги нарекуваат десница, десница околу центар и крајна десница. Дали навистина тие се непријатели на државата и на општеството не може да се тврди целосно, бидејќи лагата и лажните вести, а со тоа и манипулациите се секојдневни од сите можни извори.

ЕУ, не Европа како континент зашто има, нели, и други држави, го живее својот најлош период од денот кога е формирана во ваков формат. Од моментот кога и ако “пукне” врската меѓу Франција и Германија, ЕУ престанува да постои.

Од денешен аспект не е случајно што Велика Британија излезе од Унијата, а за што имаше поддршка токму од американската држава.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

демократија ЕУ избори Кина Русија САД Славе Младеновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026
ФОКУС
January 23, 2026

Собрание на РСМ: Помина законот „Безбеден град“ – казните стартуваат на 1-ви февруари

ВЕСТИ January 23, 2026

Од почетокот на следниот месец преку камерите на системот „Безбеден град“ ќе стартува казнувањето на…

Давос: Трамп од Гренланд доби тоа што САД и до сега го имаа – Европа конечно ѝ покажа заби на неговата вербална агресија

January 22, 2026

Лупинг во Давос: Трамп се откажа од царините за Европа – се крои план за Гренланд

January 21, 2026

На работниците им пукна филот од „ќе“ на власта – во среда на 28 јануари ССМ на протест

January 21, 2026
ТИКЕР

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.