Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски клупски куп во шах: Алкалоид и Равена лидери во Порто Карас

0
By Нова ТВ on October 15, 2018 СПОРТ
Фото: europechess.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 15, 2018 23:16

Шахистите на Алкалоид одлучно се движат кон нова титула во Европскиот клупски куп. И засега се одлични во тоа. По четири одиграни кола во Порто Карас имаат максимален ефект (четири победи), се наоѓаат на делба на првото место во севкупниот пласман со тимот на Равена со фантастични изгледи за повторување на успехот од 2016 година кога се вратија од Нови Сад во Скопје со победничкиот пехар.

Македонски шаховски првак во четвртото коло го совлада и Медњи Всадник од Санкт Петербург со 3,5:2,5. По цел поен за „фармацевтите“ освоија Динг Лирен и Павел Елјанов, ремизираа Ју Јангји, Дмитри Андрејкин и Дмитри Јаковенко, единствениот пораз го доживеа Јуриј Криворучко во партијата со Кирил Алексенко.

Тимот чиј капитен е Драгољуб Јаќимовиќ во третото коло беше подобар од Вердер со 5:1, во второто коло славеше над израелски Реховот со 5,5:0,5 додека на стартот го декласира луксембуршки Муконсулт Апелдорн со 6:0. Утре попладне од 15 часот Алкалоид ќе игра против Равена во дербито на петтата рунда на Европскиот клупски куп во шах.

Победа во четвртото коло во Порто Карас забележаа и шахистите на Гамбит Асеко кои со 3,5:2,5 беа подобри од естонски Ревал Спорт. Своите партии ги добија Орце Данчевски, Зоран Стојчевски и Љубиша Андоновски, поен подели Никола Николовски, загубија Петар Арнаудов и Дејан Динев.

Гамбит Асеко е на 20. место по четири кола по победата на стартот против Вајт Најтс од Велс со 5:1, ремито (3:3) против Солун во второто коло и поразот (1:4) од ДЈК Ауфвартс Ахен во третото коло. Утре од 15 часот ќе игра со холандски БСГ.

Алкалоид Гамбит Асеко Европски куп Порто Карас Шах
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.