Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот Парламент гласаше за екстрадиција на Груевски од Унгарија

0
By Нова ТВ on November 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 29, 2018 12:55

Европратениците ги усвоија двата амандмани со кои се бара од Унгарија да го екстрадира експремиерот Никола Груевски во Македонија.

Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена поднесоа одделни амандмани на оваа тема, но се стравуваше дека оној на Зелените нема да помине поради поостриот речник.

Амандманот поднесен од европратеничката на Зелените, Јудит Саргентини освен што бара екстрадиција, гласи и дека Груевски побегнал од Македонија со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна и го смета овој потег како мешање во внатрешните работи на Македонија како и чин на презик кон судството и владеењето на правото во земјата.

Во интервју за МИА вчера Саргентини изјави дека ваквиот речник е „знак“ и „политички сигнал“ дека Европскиот парламент со тоа покажува “карактер“.

-Тоа што Унгарија го прави е мешање во судските работи на една земја која макотрпно се обидува да се подобри и да стане членка на ЕУ. И тоа не е конструктивно, изјави вчера Саргентини за МИА.

Социјалдемократите поднесоа два амандмани за азилот на Груевски, и двата беа усвоени денеска. Со овие амандмани, Европскиот парламент става на знаење дека Никола Груевски добил “транспарентен судски процес“ потврден од повеќе судски инстанци и потсетува дека тој е инволвиран во дополнителни пет кривични истраги.

Европскиот парламент ги отфрли сите грчки амандмани, вклучително и оние кои бараа да се избрише зборот “македонски“ од извештајот, како и амандманот на грчка пратеничка која бараше во резолуцијата за Македонија да се вклучи ниската излезност на референдумот.

Усвоен е и амандманот на групата на Зелените за загрозувањето на животната средина преку одредени инфраструктурни проекти. Европскиот парламент бара да се суспендираат проектите во Националниот парк Маврово додека не биде комплетирана “Стратешка проценка за животната средина“ во целосна согласност со европското законодавство за животна средина.

Резолуцијата на известувачот Иво Вајгл беше усвоена со 470 гласови за и 116 против.

амандмани Груевски екстрадици ЕП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.