Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европските лидери денеска пак не постигнаа единство за заклучоците за Украина

0
By Zoran Ivanov on March 20, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 20, 2025 21:09

Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ на денешниот Самит во Брисел одново не успеаја да постигнат консензус околу предлог заклучоците за Украина.

Во официјално објавениот усогласен текст на заклучоците се посочува дека лидерите на ЕУ имале размена на мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски, разговарале за последните случувања во врска со Украина и одново ќе се навратат на ова прашањето на следниот состанок.

– Текстот наведен во овој документ како ЕУЦО 11/25 беше цврсто поддржан од 26 шефови на држави или влади, се додава во заклучоците, во чии прилог е и „текстот ЕУЦО 11/25“, односно предложените заклучоци за кои не е постигнат консензус.

Со ова се повтори случајот од специјалниот Европски совет, одржан на 3 март, кога лидерите исто така не постигнаа консензус за предлог-заклучоците, откако со нив не се согласи унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Според дипломатски извори, и овој пат „Орбан одбил да го поддржи текстот“.

Дипломати информираа и дека лидерите денеска разговарале и за идејата за избор на „пратеник на ЕУ за мировните преговори во Украина“, но дека нема јасна одлука дали ова би можело да функционира и каков мандат би имал тој.

Во „текстот ЕУЦО 11/25“ се наведува дека Европскиот совет ја потврдува својата континуирана и непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и Европската Унија го задржува својот пристап „мир преку сила“, кој бара Украина да се доведе во најсилна можна позиција, со сопствени робусни воени и одбранбени капацитети.

– Во согласност со овој пристап, Европската Унија останува посветена, во координација со партнерите и сојузниците истомисленици, да обезбеди понатамошна сеопфатна поддршка за Украина и нејзиниот народ, додека таа го користи своето вродено право на самоодбрана од руската агресивна војна, се додава во текстот.

Во неусвоените предлог-заклучоци се реафирмира поддршката на Европскиот совет за сеопфатен, праведен и траен мир заснован на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право и ги поздравува сите напори за постигнување таков мир, поздравувајќи ја при тоа заедничката изјава на Украина и САД по состанокот во Џеда.

– Европскиот совет ја повикува Русија да покаже вистинска политичка волја за ставање крај на војната. Веродостојниот пат кон мирот мора да вклучува напори за хуманитарна помош, особено размена на воени заробеници, ослободување на цивили и враќање на сите украински деца и други цивили незаконски депортирани и префрлени во Русија и Белорусија, се наведува во текстот.

Во него натаму се повторува подготвеноста на ЕУ за засилување на притисокот врз Русија, вклучително и преку дополнителни санкции, како и определбата за помош во обезбедувањето праведен и траен мир за Украина, „во интерес и на Украина и на Европа како целина“.

– Сеопфатниот мировен договор, кој ги почитува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, треба да биде придружен со силни и веродостојни безбедносни гаранции за Украина за одвраќање на идна руска агресија, се додава во документот.

Во „текстот ЕУЦО 11/25“ натаму се нагласува дека ЕУ ќе продолжи да и обезбедува на Украина редовна и предвидлива финансиска поддршка, а се потсетува и на иницијативите за зајакнување на воената поддршка за земјата на доброволна основа.

– Европскиот совет ја потврдува силната посветеност на ЕУ за обезбедување целосна одговорност за воените злосторства и другите најтешки злосторства извршени во текот на руската агресивна војна против Украина. Во овој контекст, напредокот постигнат за формирање на Специјален трибунал за кривично дело агресија против Украина, во рамките на Советот на Европа, е важен чекор, се нагласува во документот.

Натаму во него се истакнува посветеноста на ЕУ на поддршка за обнова на Украина, како и посветеноста на „вроденото право на Украина да ја избира сопствената судбина, врз основа на Повелбата на ОН и меѓународното право“.

– Европската унија ќе ја интензивира поддршката за реформските напори на Украина на нејзиниот пат кон членство во ЕУ. Европскиот совет ја нагласува важноста на напредокот во преговарачкиот процес во согласност со принципот заснован на заслуги и што е можно поскоро отворање на кластерите, кога ќе се исполнат условите, се додава во предложениот текст на заклучоците за Украина.

 

Брисел зајклучоци министри Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.