Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФАЦ: Рама и Вучиќ би прифатиле членство во ЕУ без право на вето

0
By Zoran Ivanov on February 19, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 19, 2026 08:39

Замислете му достават готов договор — и тој да го одбие само затоа што нема да има право на вето? Политички тоа не може да го преживее“. Затоа, според Хофрајтер, Еди Рама и ја повторува својата подготвеност за пристапување без вето.

Откажување од правото на вето или откажување од членството во ЕУ? Ова е дилемата за земјите-кандидати за членство во Унијата, пишува германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

По Албанија, и Србија се изјасни дека е подготвена, доколку е неопходно, да се откаже од правото на вето пред зачленувањето во Европската унија. Ова го потврди претседателот Александар Вучиќ за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

„За Србија, членството во ЕУ без право на вето е прифатливо. Најважни за нас се единствениот пазар и слободното движење на стоки, луѓе и капитал. Тоа се централни вредности што сакаме да ги постигнеме со членството во ЕУ“, изјави Вучиќ за ФАЦ.

Претходно и албанскиот премиер Еди Рама повеќепати изјави дека неговата земја би се откажала од правото на вето што му припаѓа на секој член на Унијата, доколку биде примена во ЕУ.

Во Германија, меѓу оние кои се залагаат за идејата за проширување на ЕУ без право на вето е и Антон Хофрајтер од партијата на Зелените. Претседателот на Комитетот за европски прашања во Бундестагот изјави за ФАЦ дека, имајќи ја предвид позицијата на Франција и други земји членки, „додека ветото формално постои, нема шанса за проширување“. Во земјите кандидати, според него, постои разбирање за оваа идеја. Формално, неколку влади ја отфрлаат со згрозување и негодување, „но зад затворени врати ситуацијата е поинаква“, вели Хофрајтер. Алтернативата на откажувањето од вето, предупреди тој, е дека „овие земји воопшто нема да станат членки на ЕУ“.

Портпаролот за надворешна политика на СДП во Бундестагот, Адис Ахметовиќ, исто така смета дека треба да се разгледа овој пристап. Во услови на руска агресија, нагласи тој, безбедносното значење на „јасна и обврзувачка перспектива за членство на регионот значително порасна“. Потребни се прагматизам и креативност за да бидат примени шесте држави од Западен Балкан.

„Во тој контекст, откажувањето од правото на вето може да биде компромис за забрзување на пристапниот процес“, изјави Ахметовиќ за ФАЦ.

Комесарката на ЕУ за проширување, Марта Кос, пак, има спротивно мислење: „Секое проширување мора да ја зајакне Европа и не смее да ја ограничува способноста за дејствување на ЕУ“, изјави таа за ФАЦ. „Секој што ги почитува правилата на ЕУ не треба да биде ставен во неповолна положба. Договорите на ЕУ не предвидуваат членство од втора класа“.

Дилеми во политички Берлин

Германското Министерство за надворешни работи е воздржано за ова прашање. Дилемата во Берлин е дали трајното исклучување од правото на вето би можело да се усогласи со европското право? Германското Министерство за надворешни работи се сомнева во тоа, повикувајќи се на член 4 од Договорот за ЕУ, кој ја гарантира еднаквоста на сите членки.

Сомнеж постои и во редовите на најголемата германска политичка опција ЦДУ-ЦСУ. Неодамнешната изјава на претседателот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Јенс Шпан, дадена за Политико, покажува дека во најголемата германска политичка фракција владее длабока скепса кон какво било проширување: „Европа прво мора да стане подобра, побрза и посилна во донесување одлуки, пред повторно да се проширува“.

Членки од втор ред

Хофрајтер смета дека отпорот на кандидатите (освен Албанија) да станат „членки од втор ред“ нема да трае доколку членството без право на вето стане реална можност. „Би сакал да видам држава што би одбила готов договор за пристапување, со сите огромни придобивки, само поради една единствена ограниченост“, вели тој. Како пример ја наведува Албанија, каде над 90 проценти од граѓаните ја поддржуваат европската интеграција: „Замислете му достават готов договор — и тој да го одбие само затоа што нема да има право на вето? Политички тоа не може да го преживее“. Затоа, според Хофрајтер, Еди Рама и ја повторува својата подготвеност за пристапување без вето.

Кога на крајот од процесот државите-кандидатки би биле ставени пред избор — да станат членки без право на вето, или да останат трајно надвор и без бенефициите на членството, вклучително и огромните економски добивки — изборот би бил лесен, предвидува Хофрајтер.

Вели дека решението не е идеално, бидејќи навистина би создало две категории членки, но реалноста е таква:

„Една од главните причини за големата воздржаност кон проширувањето, особено во Франција и Холандија, но и во други земји, секогаш беше аргументот дека ЕУ не може да поднесе нови корисници на ветото. Постојат и други аргументи, но суштината секогаш е иста- ветото“.

Иако тој не го смета правото на вето за толку опасно како што често се претставува, нагласува: „Додека формално постои, немаме шанса за вистинско проширување“.

 

вето Вучиќ ЕУ Рама ФАЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.