Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фарми на тролови“ од Македонија работеле за еден од најголемите споделувачи на лажни вести за ковид-19 на ФБ

0
By Нова ТВ on May 30, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: ft.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Фарми“ за креирање дезинформации за новиот коронавирус од Македонија и од Филипините работеле за Натурал њуз (Natural News), еден од најголемите споделувачи на теории на заговор и дезинформации за ковид-19 на Фејсбук. Поради тоа, домејнот на Natural News и неговите сестрински сајтови се отстранети од социјалната мрежа, објави американски „Си-Ен-Би-Си“, пренесува meta.mk.

Како што објави американсата телевизија, станува збор за „еден од најупорните споделувачи на виралното видео за т.н. „Пландемија“, кое лажно тврди дека коронавирусот е дел од намерна владина завера со цел да се контролира популацијата преку вакцини, и погрешно посочува дека носењето маска го зголемувало ризикот од зараза со корона вирусот“.

Фејсбук, во изјавата за „Си-Ен-Би-Си“ објасни дека откриле оти „странски „тролови“ постојано реобјавуваат содржини од Натурал њуз, антиваксерски портал кој често постира лажни теории на заговор за коронавирусот, за 5Г технологијата и Бил Гејтс. Овие „тролови“, исто така, често реобјавувале содржини и од сестринските сајтови на Натурал њуз: Њуз таргет (NewsTarget) i Брајтион (Brighteon) во обид вештачки да го зголемат својот досег.

Фејсбук објавил дека повеќе страници од социјалната мрежа поврзани со Натурал њуз се отстранети „поради „спамерско“ однесување и злоупотреба, не поради содржината која ја објавуваа. Тие ги манипулираа луѓето за популарноста на нивните објави и се потпираа на „фарми“ за содржини во Македонија и на Филипините“.

Оттаму додале дека ваквите мерки ги преземале како дел од рутинските напори против „спамерски“ мрежи.

Инаку, официјалната Фејсбук страница на Натурал њуз била банирана од Фејсбук минатата година, но веб-сајтот го заобиколил банот постирајќи содржини во брендирани групи со имиња како „Amazing cures“ (Неверојатни лекови) и „GMO Dangers“ (Опасности од ГМО), кои имале стотици илјади следбеници.

Откако Фејсбук открил за манипулацијата, компанијата на 19 мај ја исклучила можноста да се постираат линкови до Натурал њуз и до сестринските сајтови.

дезинформации Ковид-19 тролови фарми Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.