Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фасади, покриви и пристапни рампи во средните училишта во Скопје

0
By Нова ТВ on January 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градот Скопје започнува голем инвестициски проект за реконструкција на инфраструктурата на средните училшта во Скопје за што се определени 90 милиони денари, а целта е подобрување на условите за учење. Тринаесет од вкупно 23 средни училишта, до почетокот на новата учебна година ќе добијат нови фасади, а на останатите ќе се доработа. Во сите училишта се предвидува и облагородување и обновување на зеленилото во дворовите.

Како што истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов активностите опфаќаат реконструкција на фасади, на училишни згради, фискултурни сали, како и адаптација на просторот на лица со физичка попреченост. Појасни дека ќе бидат реконструирани фасадите на оние средни училишта каде има потреба од тоа, со што  тие ќе бидат енергетски ефикасни во согласнст со современите стандарди за рационализација и ќе се овозможи заштеда на електрична и топлинска енергија.

– Висината на средствата за оваа намена  предвидена во буџетот на Град Скопје изнесува 70 милиони денари. Овие средства ги обезбедивме со пренамена на средствата кои беа предвидени за Скопје 2014. Наместо прескапи барокни згради во центарот, Скопје ќе добие енергетски ефикасни училишта и долгорочно ќе заврши едно крупно прашање од образованието, рече Шилегов.

Дополнително, предвидени се уште 20 милиони денари средства обезбедени од редовната програма на градот кои ќе бидат наменети за доопременување на училштата и решавање на внатрешната инфраструктура согласно приоритетите на секое училиште. Со проектот предвидени се реконструктивни активности за адаптација на просторот за пристапност со физичка попреченост при што ќе бидат изградени надворешни и внатрешни рампи во училиштата каде недостасуваат, како и адаптација на тоалетите во сите средни училишта во градот. Со ова, како што исткана Шилегов, се обезбедува еднаков пристап за сите, а учениците со телесна попреченост ќе добијат пристап до секое средно училиште во градот.

– Нашите деца заслужуваат да учат во подобри услови, планираме тие услови да ги добијат со почетокот на новата учебна година. Во овогодинешниот буџет на Град Скопје за образование е дуплиран во однос на лани, односно од 81,2 милиони деанраи на 163,2 милиони денари, токму заради тоа за нашите деца да им овозможиме квалитетно образование и развој, рече Шилегов.

На новинарско прашање, градоначалникот на Скопје истакна дека во моментов во четири средни училишта во градот сеуште за греење се користи мазут, а ќе се работи, тоа да се замени со еколошки поприфатливи енергенси, како што е гасот или нивно приклучување на топлинска енергија.

буџет Град Скопје средни училишта Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.