Женската тениска репрезентација на Чешка по 11 пат ја освои титулата во Феддерејшн купот по убедливиот триумф во финалето над САД со 3:0. Решавачка за новиот шампион беше победата на Катерина Синијакова која со 7:5, 5:7, 7:5 ја совлада Софија Кенин.
И првиот натпреварувачки ден во Прага им припадна на домашните тенисерки. Барбара Стрицова го доби дуелот со Кенин со 6:7, 6:1, 6:4, а по неа и Синијакова славеше над Алисон Риск со 6:3, 7:6.
На тој начин Чешка ја детронизира селекцијата на САД и потврди дека доминира во натпреварувањето од причина што денеска ја освоија шестата титула во последните осум години.