НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Федерејшн Куп: Македонските тенисерки поразени од Косово во Хелсинки

0
By Нова ТВ on April 16, 2019 СПОРТ
Фото: mtftennis.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските тенисерки загубија од Косово со 1:2 во второто коло на турнирот од Евроафриканската група број 3 во Хелсинки. Победникот беше решен по мечевите во поединечна конкуренција, па дуелот во двојки беше шанса за настап на целокупната репрезентација.

Магдалена Стоилковска го положи оружјето пред Доника Башота по час и 54 минути игра. Косовската репрезентативка на крајот се радуваше на победата со 6:2, 3:6, 7:5. Израмнување не донесе ниту Лина Ѓорческа во вториот меч. Арлинда Рушити (780 место на ВТА листата) ја изненади најдобрата македонска тенисерка и 389. на светското рангирање со 6:1, 3:6, 6:2 во натпревар што траеше час и 32 минути.

Единствениот поен за „црвено-жолтите“ девојки го освоија Ана Ристевска и Александра Симева кои славеа над косовската комбинација Веса Ѓинај и Блерта Укехаџај со 6:4, 6:1.

Утре (среда) е слободен ден на тенискиот турниот во финскиот главен град. Македонската репрезентација во четврток ќе игра против Алжир, а во петок и против Кипар во последното коло во групата Б. Во првото коло, избраничките на Димитар Лабудовиќ забележаа максимален триумф над Конго со 3:0.

Косово Македонија тенис Федерејшн куп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.