Можеби нема човек кој не слушнал за „Бекстрит Бојс“, музички бенд што беше хит меѓу тинејџерите пред 20-тина години. Но, дали сте слушнале за „Еднорачни бекхенд бојси“? – Еве ви прилика да ги запознаете. Тоа е името на групата што заеднички ја формираа Швајцарецот Роџер Федерер, Германецот Томи Хас и Бугаринот Григор Димитров.
Роџер Федерер ја најави за време на настапите во Индијан Велс и веднаш потоа објави видео запис на Твитер во кој тројцата ја пејат „Hard to say I’m sorry“ од „Чикаго“ во придружба на продуцентот Давид Фостер на пијано.
https://www.youtube.com/watch?v=Oqp_sqsi5xY
Во еден момент во видео се појавува и Новак Ѓоковиќ. И српскиот тенисер тој покажа завидни гласовни способности.