Роже Федерер во недела ќе одбележи голем јубилеј. Финалниот меч против победникот од дуелот Надал и Димитров ќе биде негов 100 на австралискиот гренслем.

Со повеќе од 100 настапи на еден гренслем е само Џими Конорс. Легендарниот Американец одигра 115 натпревари на Ју-Ес опен и 102 на Вимблдон.

Федерер во денешното швајцарско полуфинале го елиминира Стан Вавринка со 7:5, 6:3, 1:6, 4:6, 6:3 и по 28 пат ќе игра во финале на турнир од оваа категорија. Швајцарецот досега има 17 гренслем титули.