Роџер Федерер, сепак, ќе трага по јубилејната 100. турнирска победа во кариерата во 2019 година. Александар Зверев го совлада Швајцарецот со 7:5, 7:6 и се промовира во прв финалист на завршниот АТП Мастерс во Лондон.
Првата полуфинална пресметка во „О2 арена“ донесоа рамноправна борба во која одлучуваа нијанси и концентрација кај актерите на теренот. Решавачкиот момент во првиот сет се случи во финишот. Зверев успеа до брејк за водство со 1:0 и обезбедување на психолошка предност за продолжение на мечот.
Наредниот, пак, понуди уште поголема неизвесност. На чија страна ќе заврши се решаваше низ тај-брејк, а во него Германецот направи мини-брејк за 6:5 што го потврди уште на првиот свој сервис.
За вториот финалист вечерва од 21 часот ќе разигруваат Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон.