Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фејсбук им го отежнува бизнисот на велешани

0
By Нова ТВ on June 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 24, 2017 14:22

Над 30 страни кои се управувале од Македонија, се отстранети од Фејсбук последните два месеца поради прекршување на повеќе правилности на социјалната мрежа, пишува „Базфид“ во својот текст под наслов „Македонските објавувачи паничат откако Фејсбук им ги стопираше политичките сајтови.“

Повеќето од сајтовите биле за политиката во САД, но според објавувачите, тие исто така загубиле пари по “казната“ од Фејсбук на нивни натписи за коли, мотори и слично.

За Велес веќе слушнаа насекаде во светот откако оттаму се објавуваа лажни вести за време на американските изборни кампањи, а подоцна преку објавените стории на повеќе домашни и светски медиуми се дозна дека истите биле пишувани претежно од тинејџери.

Еден од нив се пожалил во изјава за „Базфид“ дека е во голема загуба.

„Јас сум во многу неблагодарна ситуација во моментов, откако потрошив огромни средства на Фејсбук за промоција на натписи и лајкови, а сега немам ништо од тоа“, вели неименуван креатор на лажни вести од Велес.

Друга пак, потошил 100.000 долари на промоција на Фејсбук за што добил над 1.5 милиони лајкови, и со тоа смета дека доколку Фејсбук им дозволува уплати, тие работеле чисто.

Сепак, од Фејсбук велат, Македонија не е изолиран случај и дека целата акција е со цел да се спречи непотребното спамирање, креаторите на лажни вести и други кои ги прекршуваат термините на социјалната мрежа.

Но ова според неименуван портпарол на Фејсбук, е исто така и за да се стави до знаење дека никој не ја поседува глобалната социјална мрежа без разлика колку пари планира да потроши или да направи преку неа.

Се претпоставува дека стопирањето на ваквите содржини доаѓа исто така и поради тоа што американските објавувачи на исти содржини лобирале да се преземе ваква мерка бидејќи велешани им ги краделе содржините и заработувале на нивната работа.

Базфид Велес лажни вести спам Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.