Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фејсбук промени: Повеќе комуникација со пријателите, помалку огласи

1
By Нова ТВ on January 12, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 12, 2018 09:49

Фејсбук објави дека воведува промена во однос на она што ќе се појавува кај корисниците како News Feed. СО ова, како што се истакнува, ќе се даде приоритет на мислења од пријателите, членовите на семејството и групите пред мислењата од компаниите.

Компанијата сака да ги поттикне интеракциите помеѓу пријателите, а истовремено да го намали појавувањето на видеа, вести и бизнис постови кои корисниците ги конзумираат пасивно – без коментирање и споделување.

Сопственикот на Фејсбук Марк Цукерберг на ФБ профилот напиша дека промената е резултат на истражувањата кои покажуваат дека корисниците се најзадоволни кога  комуницираат со пријателите и семејството наместо со “пасивно читање статии или гледање видеа”.

-Ова значи дека ќе гледате помалку јавни содржини, како мислења од компании, брендови и медиуми, напиша Цукерберг.

Со повеќе од две милијарди месечни корисници, секоја промена што Фејсбук ја прави може да предизвика „сеизмички потрес“. Овој потег, особено, ќе ги погоди оние издавачи и брендови кои се потпираат на социјалната мрежа за да дистрибуираат и промовираат содржини.

Според првите луѓе на Фејсбук социјалната мрежа и натаму ќе објавува маркетинг содржини, но притисокот ќе биде на издавачите и на брендовите да создаваат содржини што иницираат интеракција, доколку сакаат да ги подобрат своите шанси да се појават на News Feed.

Цукерберг претходно овој месец изјави дека неговата лична цел за 2018 година ќе биде да се фокусира на “решавањето” на многу од овие егзистенцијални прашања, вклучително и “осигурувајќи дека времето поминато на Фејсбук е добро потрошено време”.

Истото ова Цукерберг го повтори и во својот пост вчера.

-Со овие промени, очекувам времето што луѓето го поминуваат на Фејсбук да опадне. Но, исто така, очекувам дека времето што ќе го потрошите на Фејсбук ќе биде повредно, напиша Цукерберг.

Со промената всушност ќе се прикажува повеќе од она што го споделуваат нашите пријатели, отколку компаниите или огласувачите кои ги следиме.

промени Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.