Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фејзи Азири од „Монструм“ вратен во затвор по двомесечно бегство

3
By Нова ТВ on April 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 20, 2018 14:29

Фејзи Азири, еден од обвинетите во случајот „Монструм“, е вратен во затворот во Штип за издржување на затворската казна за нелегално поседување на оружје.

Од Кривичниот суд во Скопје денеска соопштија дека ја одбиле молбата на Азири да му биде продолжен прекинот од издржување на казната.

„Kривичниот совет на одделот кривично полнолетни, при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на осудениот Ф.А. изјавенa против решение на судија за извршување санкции со кое се одбива молбата за продолжување на прекинот од издржување на казната затвор, советот донесе решение со кое жалбата на обвинетиот се одбива како неоснована“, стои во соопштението од судот.

Азири, како што пренесува „ТВ 24“ повикувајќи се на затворската управа, со полициско обезбедување околу 13.30 часот бил спроведен во затворот.

Неделава медиумите обелоденија дека Азири речиси два месеца бил во бегство од штипскиот затвор. Тој бил пуштен на отсуство, но кога периодот што му бил даден завршил, Азири не се вратил во затворот.

Штипскиот затвор уште на 28 февруари го известил Судот и Управата за санкции дека Азири е во бегство, но неговото апсење се случи месец и пол подоцна откако во јавноста излезе информација дека него ниту некој го барал, ниту пак Судот и Управата за санкции знаеле каде е.

Каде е Азири се дозна во вторникот неделава, откако поради негово отсуство беше одложено рочиштето за случајот „Монструм“, а неговите адвокати до судот доставија медицинска документација дека тој бил на лекување на Клиниката за пулмологија.

Тој, истата вечер беше уапсен на Клиниката и ставен под полициски надзор.

На рочиштето за „Монструм“, Горан Наќевски, татко на Александар Наќевски, едно од убиени момчиња кај Смилковско езеро во 2012 година, обраќајќи се пред судот рече дека премиерот Зоран Заев, како тогашен опозиционер им покажал транскрипт и прислушуван разговор меѓу функционерот на ДУИ, Невзат Бејта и Фејзи Азири.

Мајката на Александар, Зорица Наќевска прочита и транскрипт од разговор кој наводно се водел помеѓу обвинетиот Азири и едно непознато лица.

Братот на обвинетот Фејзи Азири, Бејди Ајдари кој беше присутен во судот, тврди дека неговиот брат е невин и дека разговорот со Невзат Бејта од ДУИ е од приватен карактер.

Невзат Бејта одби да ги коментира наводите изнесени на денешното рочиште.

вратен затвор Кривичен суд Монструм обвинет Фејзи Азири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.