Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фетаи до Иванов: No pasaran!

27
By Нова ТВ on April 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 18, 2016 13:41

Обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство, за која претседателот објави дека  е дел од помилуваните, во отворено писмо од Иванов му порачува дека тој помилувал погрешна личност, бидејќи таа е од Тетово, а не од Гостивар.

Фетаи му порача на Иванов да ја чува неговата „милостина“ за во иднина, бидејќи и понатаму ќе му треба.

Во продолжение ви го пренесуваме писмото на Фетаи интегрално.

„Причина за ова писмо е Вашата скандалозна и незаконска Одлука за мое помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапка,со која сте ме ослободиле од непостоечко кривично гонење.

Барам од Вас веднаш да донесете Одлука со која надвор од правна сила ќе ја ставите Одлуката за мое помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапка, Бр.08-549/1 од 12 април 2016 година, Службен весник  на Република Македонија бр. 72.

Како правник, Ве советувам сериозно даја преиспитате вербата истручноста на Вашиот правен тим кој ве советувал да донесете ваква незаконска одлука, повикувајќи се на непостоечки членови од Законот за помилување. Или пак, можеби како што истакнавте во Вашето обраќање до јавноста, сам сте ја донеле Одлуката. Како и да е, во двата случаи најблаго кажано, се работи за елементарно непознавање.

Еден од основните услови да ослободите лице од кривично гонење е истото тоа лице да се гони кривично, а дали некое пријавено лице ќе се гони кривично или не, одлучува јавен обвинител. Тој процес започнува кога против конкретно лице ќе започне истражна постапка или истражно дејствие и тоа лице стекнува кривично правен статус на осомничен.

До денот кога Вие грубо ги пречекоривте Вашите овластувања и ја донесовте срамната и незаконска Одлука за мое помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапка, ниту јавниот обвинител одлучил да бидам кривично гонета, ниту имам статус на осомничено лице.Со ваквиот противправен и срамен чин од Ваша страна, Вие, индиректно ме посочивте како извршител на кривично дело и ме сврстивте со лица за кои се води постапка или пак се осудени за кривични дела.

Дури и на Вас не ви е дозволено да постапувате надвор од нормите и уште помалку лажно да етикетирате лица.Иако пред Законот сите сме исти, во правна смислане сме. Постојат пријавени, осомничени, обвинети и правосилно осудени, но не се сомневам дека Вие како докажан правник тоа сигурно го знаете.

Ја одбивам Вашата “добрина“ и “милостина“ која патем треба да ја чувате за, како што изјавивте, во иднина. Но и во иднина Ве замолувам немојте неразумно да се расфрлате со неа за мене. Јас како јавен обвинител треба да бидам пример за правичност и затоа инсистирам да одговарам за моите постапки, како што и ќе инсистирам секој да одговара за своите, без исклучок.

Ова последното е потсетување дека не сум од класата на Вашите “политичари“ на кои несебично им ја поделивте Вашата “милостина“, со цел и на начин разбирлив само Вам, преку неказнување на потенцијалните извршители на тешки кривични дела, да стимулирате социјална катарза и да постигнете благосостојба во општеството на подолг рок. Видливо е дека ќе ја постигнете целта која ја најавивте, само во обратна смисла.

Кривичната пријава против мене, за која сте свесен дека е јалова конструкција на одредена група луѓе на кои очајно им треба или допрва ќе им треба Вашата “милостина“, е со цел да се наштети на мојот личен и професионален углед и на угледот на Обвинителството во кое ја извршувам функцијата обвинител. Но, Вие тоа секако го знаете, бидејќи како претседател изјавивте дека можете да дојдете до секакви податоци, дури и од тајните постапки кои се водат во Обвинителствата. Со тоа,само ги потврдувате моите сомнежи за Вашата умисла која ја имате во целата оваа валкана игра.

Не господине Иванов, “No pasarán“. Доколку сметате дека не сте дел од валкани игри и смислени конструкции, еве ви добра шанса тоа делумно да го докажете. Единствено што треба да направите е да го уважите ова мое барање за повлекување на Одлуката за мое помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапка.

Без разлика на Вашата одлука, за сторената повреда на мојата чест и углед ќе ги искористам сите правни механизми кои ми стојат на располагање и ќе барам соодветна отштета и за мене и за поблиското семејство.

На крај, само да Ви посочам дека во изведбата на најсрамниот чин во историјата на Република Македонија при неразбирливо брзање, барем за мене не требаше толку да брзате, всушност сте ја помилувале Фатиме Фетаи од Гостивар. Верувам дека сте мислеле на мене, односно сугестиите Ви биле за мене, само што требало детално да Ви ги кажат моите лични податоци. Јас не сум од Гостивар, живеам во с.Боговиње – Тетовско и со целата оваа рашомонијада која ја направивте, Вие тотално го избришавте правниот систем во Република Македонија“, се вели во писмото.

аболиција Иванов претседател СЈО Фатиме Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.