Тримесечна суспензија изрече Светската фудбалската асоцијација (ФИФА) за претседателот на фудбалскиот сојуз на Бразил, Марко Поло дел Неро. Причина е истрагата што против него ја водат американските власти кои уште во 2015 година го обвинија на рекет и перење пари, но тој ќе остане на функција во неговата родна земја.
Во сооопштението на ФИФА се наведува дека Дел Неро е привремено суспендиран од сите активности во светската фудбалска организација. Првиот човек на бразилскиот фудбал не е излезен од државата по бегството од Цирих во пресрет на рацијата во мај во 2015 година.