Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: До крајот на летото ќе постигнеме колективен имунитет

0
By Sashko on June 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со моментно вакцинираните граѓани, нешто под 300.000 и планираната уште толкава бројка да се вакцинираат до крајот на летото, ќе се постигне процент на имунизирано население за кој може да се каже дека е колективен имунитет, изјави министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција со кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо, кој донира медицинска опрема за пренамена на одделенија во Клинички центар.

– Што се однесува до колективен имунитет, со оваа динамика кога се даваат околу 15.000 – 20.000 вакцини на ден и кога очекуваме поголем контингент од 600.000 дози на вакцини од „Фајзер“ и 500.000 кинески вакцини и од тоа како ќе оди распределбата во осумте вакцинални пунктови каде има фрижидери кои ладат на -80 степени за фајзеровите вакцини. Сите засега пријавени 180.000 лица во системот за вакцинирање ќе бидат вакцинирани. Почнуваме и кампања за иницијација да се пријавуваат граѓаните за вакцинирање и размислуваме за теренско вакцинирање, во области од каде гледаме дека нема голем број пријавени, изјави министерот Филипче со очекување до крајот на летото покрај овие нешто под 300.000 вакцинирани да има уште толку со што би се постигнала бројка која може да се смета за колективен имунитет. Ова во услови да нема поголеми „изненадувања“ од Делта сојот на коронавирусот, кој засега Кина го пресретнувала со масовна вакцинација па тие што заболувале поминувале со полесни симптоми, му пренел кинескиот амбасадор Ѕуо на министерот Филипче.

Кина ќе продолжи да ве поддржува во борбата со пандемијата во рамки на својата програма „Глобално општество на здравје за сите“ водени од основното правило дека во основата на сечиј живот е да има нормален живот, додаде кинескиот амбасадор кој во оваа прилика се спротивстави на сите политички манипулации.

Министерот од своја страна јавно им се заблагодари на Кинезите за помошта што ни ја дадоа од почетокот на пандемијата преку личната заложба во помошта за менаџирање со здравствената криза, за донацијата на почетокот од 30.000 долари заштита за медицинските работници, донацијата од армијата на Кина со 100.000 дози од вакцината на „Синофарм“ итн.

амбасадор Венко Филипче Кина Ковид-19 Македонија министер поддршка Џанг Ѕуо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.