Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче до Мицкоски: Државата не е театар, народот не е публика за евтини политички претстави, а безбедносните служби не се играчка

0
By Zoran Ivanov on September 16, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 16, 2025 19:47

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес остро реагираше на обидот на премиерот Христијан Мицкоски да ја искористи трагедијата во Трубарево за, како што рече, „пи-ар драмолетка со хибриден напад“.

Ниту еден премиер досега не се осмелил вака неосновано да манипулира со теми од безбедносната сфера. Да вовлекува странски центри на моќ, хибридни сценарија, а да не преземе буквално ништо институционално – тоа е не само несериозно, туку и крајно опасно,“- предупреди Филипче.

Според него, ако навистина постоеше закана од странски сили, Владата имала обврска веднаш да го свика Советот за безбедност, да го алармира НАТО, да ја мобилизира Армијата и безбедносните служби. „Ништо од тоа не видовме. Наместо реакција, гледаме само сценарио за одвлекување на вниманието од реалниот проблем – хаосот во институциите и потполната неспособност да се справат со последиците од пожарот во Трубарево,“рече тој.

Филипче укажа дека ваквото однесување е доказ за дилетантско водење на државата. „Секојпат кога ќе има проблем, вината се префрла на замислени непријатели. Еднаш се дронови, другпат странски служби, трети пат хибридни напади. А граѓаните се оставени сами, без информации, без заштита, без надеж,- изјави тој.

Ова не е прв пат премиерот Мицкоски да посегне по безбедносна терминологија за дневнополитичка корист. Но, како што предупредуваат експертите, злоупотребата на државните институции во служба на пи-арот, претставува длабоко поткопување на довербата во системот и дополнителна дестабилизација на општеството.

Ако веќе владата нема решенија, барем нека престане да создава лажни приказни. Државата не е театар, а народот не е публика за евтини политички претстави,“ заклучи Филипче.

 

држава Мицкоски театар Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.