Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

0
By Zoran Ivanov on April 26, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 26, 2026 15:57

 Венко Филипче:  Еве најдиректно да ви кажам, фала ви на прашањето, честитки за организацијата. Прво, добро е што има вака голема група на граѓани. Добар индикатор е што во недела сте дошле. Значи, прашањето е атрактивно.

За жал, вистината е разочарувачка. Немојте ништо да очекувате од европскиот пат. Ама буквално ништо. И тоа не го кажувам јас, тоа го кажува премиерот Христијан Мицкоски. Човекот вика дека, ако треба, децении ќе чекаме за Европа. Што можеме да очекуваме после таква експлицитна изјава во јавноста дека оваа влада нема да направи ниту еден чекор кон Европа? Во тој контекст, реформската агенда е уште еден индикатор дека оваа влада не работи ништо.

Во текот на 2025 година десетина закони требаше да се донесат во сферата на правосудството. Знаете колку се донесоа? Само еден. И тоа со парцијално имплементирани насоки од оценската мисија на Европската Унија. Ете тоа е вистината. Тоа е вистината.

Што може Собранието да направи кога Владата ништо не продуцира и не праќа кон Собранието никакви закони?

После пожарот во Кочани, јас бев кај премиерот, понудив заедничка работа на реформската агенда, формиравме работна група, од Министерството за правда ги пратија законите. Дадовме наше експертско мислење, нашите експерти дадоа не политичко, туку експертско мислење за законите за правосудство. Никој не одговори на мислењата што ги пративме во Министерството за правда. Нема одговор. Нема одговор. Десет закони од реформската агенда се врзани со финансии од Европа.

Така што, додека не се смени мислењето на оваа влада, а мислењето нема да се смени – и апропо тоа, додека не се смени владата – ние нема да направиме никаков чекор напред кон Европската Унија.

Односно, Собранието не може ништо да направи кога материјалите, реформските закони од Владата едноставно не стигнуваат до телата, до комисиите во Собранието.

Извор: Собрание на РСМ

ЕУ закочени Мицкоски Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.