Претседателот на СДСМ, Венко Филипче од прес монференција ја обвини актуелната власт дека покажува карактеристики слични на авторитарните режими во Иран и Венецуела, наведувајќи дека државата се турка кон изолација, со партизирано правосудство и системска корупција. Филипче порача дека САД, како стратешки партнер, „треба да знаат“ со каква власт имаат работа во Македонија.
На овие тврдења остро реагираше ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како манипулативни и бесцелни, и прашувајќи дали, според логиката на Филипче, поранешниот премиер Зоран Заев треба да се смета за „Ајатолах“. Од партијата обвинија дека СДСМ нема визија и дека изјавите претставуваат политички театар, а не конструктивна критика.
САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела, рече претседателот на СДСМ.




