Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Ќе побараме продолжување на вонредната состојба

0
By Нова ТВ on May 14, 2020 ВЕСТИ
Фото: skopje24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 14, 2020 12:20

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека на утрешниот Совет за безбедност ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба, но не прецизира за колкав период.

„Утре треба да се одржи состанок на Советот за безбедност. Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба од повеќе причини за да имаме механизми во однос на имплемантацијата на вакви препораки и во периодот кој што следи“, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој не прецизираше дали ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба за нови 30 денови или помалку.

„Потребно ни е да се продолжи вонредната состојба затоа што дел од мерките важат само за време на вонредна состојба. Многу е битно тие да важат и натаму. Многу е битно да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми, во однос на рестрикција на движење, уредбите кои важат и така натаму. Потребни ни се инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести ќе можат да се имплементираат преку Владата“, рече Филипче.

Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16 април истекува во сабота. Доколку биде донесена одлука за продолжување на вонредната состојба и Владата достави предлог, Советот за безбедност треба да одржи нова седница в петок и претседателот да донесе одлука за нејзино продолжување.

Во спротивно, вонредната состојба поради коронавирусот, која првично беше прогласена на 18 март, по што беше донесена уште една одлука за нови 30 дена, ќе заврши в сабота. Двете одлуки на претседателот Пендаровски за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен Собранието, наместо претседателот Пендаровски ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Двете одлуки на шефот на државата за вонредна состојба беа разгледувани пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.

Што се однесува до хроничните болни,  Филипче изјави дека се уште важи тоа дека хроничните пациенти не одат на работа. Тој нагласи дека денес се регрутирани вработени од градинките за тестирање, а тој процес ќе продолжи и во наредните детина дена.

“Се додека не сме се сигурни дека се сите тестирани градинките нема да се отворатат. Секако дека е ризик, некој после тоа да се зарази, но ќе се направи епидемиолошка анкета, некои може и дома да имаат носители и тој ризик постои и откога ќе се отворат градинките и сметам дека од тука треба да се почне. На овој начин ќе се откријат асимптоматските ностители во моментот“, изјави Филипче.

 

Венко Филипче вонредна состојба Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.