Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче на МТВ: Во регионот само Владата на Мицкоски нема мерки за граѓаните / горд сум на Антикорупцискиот тим на СДСМ, откривме грабеж од 100 милиони евра / на партијата ѝ се приклучуваат млади и експерти

0
By Zoran Ivanov on April 2, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 2, 2026 20:26

Ние сме единствена земја во регионот, со влада која што нема донесено директни мерки кон граѓаните, за да им помогне во оваа криза, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во централниот дневник на МТВ 1. Филипче посочи дека владата и покрај енормниот раст на основните производи и енергенсите, не презема конкретни мерки за помош на граѓаните.

Кога ќе преземе акција владата? Што треба да се случи, повеќе од 40% има зголемување на цените на горивата, од 10% поскапување на цената на основните прехранбени продукти леб, зејтин, цените на овошјето и зеленчукот и до 200% се зголемени, брашно, шеќер се е поскапено во маркетите. Што треба повеќе да се случи.Со нецелосна мерка, со намалување само на ДДВ-то, граѓаните ништо не видоа. Повторно порасна цената на дизелот и на безоловниот бензин, рече Филипче.

Во споредба со регионот, Филипче посочи дека другите држави веќе имаат конкретни мерки за поддршка на ранливите категории.

Сите околни земји преземаа мерки. Хрватска донесе посебни мерки за луѓето кои што се приматели на социјална помош, кон земјоделците, рибарите итн. И ние сме единствена земја во регионот која што нема директни мерки кон граѓаните ниту ограничување на цената на горивата, рече Филипче

Во интервјуто Филипче потсети на мерките што СДСМ ги спроведуваше во време на криза, со директна финансиска поддршка за граѓаните.

Ние спроведувавме мерки, пакети на мерки, директна финансиска помош за време на ковид кризата. Кога почна енергетската криза, кога почна војната во Украина, директна помош добиваа граѓаните, 90% од сметката за струја беше субвенционирана на 660.000 семејства, директна помош добиваа студенти, пензионери, луѓе со посебни потреби, луѓе од загрозени социјални слоеви во државата. Тоа се вистински мерки, што сега кажува владата? Ништо -гледаме, посматраме, ќе видиме што ќе се случи, рече Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека СДСМ понуди конкретни решенија кои ќе дадат реален ефект за намалување на цените и заштита на стандардот на граѓаните, но владата не ги прифати.

На време ги предложивме мерките, и тоа се мерки со кои што навистина ќе се намалеше цената на горивата, притоа ако се воведеа на време немаше да пораснат цените на основните прехранбени продукти. Предложивме да се намали ДДВ-то на горивата на 5%, да се намали ДДВ-то на нула проценти за основните прехранбени производи, да се намали акцизата за 4 денари и да се преполови цената на патарините. Тие луѓе што патуваат знаат колкав трошок е тоа, ние имаме најскапи патарини во Европа. Ете таков пакет помош од граѓаните навистина почувствуваат дека владата нешто работи за нивно добро. Вака ништо, нагласи Филипче.

Горд сум на Антикорупцискиот тим на СДСМ, со кој откривме криминални тендери, скандалозни тендерски постапки, грабеж од 100 милиони евра, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју во централниот Дневник на МТВ.

Филипче се осврна на активностите на СДСМ, внатрепартиските процеси за зајакнување на тимот и програмата, при што ја нагласи важноста на Антикорупцискиот тим.

Посебно сум горд на Антикорупцискиот тим на партијата, којшто интензивно работи изминатите месеци. Ја разобличуваме оваа криминална власт, ги објавуваме сите нивни скандалозни тендерски постапки коишто се местени и за луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ. Тие суми се приближно 100 милиони евра само досега, за овој нецелосен половина мандат, коишто се отидени во џебови на функционери или нивни блиски на ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Јас сум тимски играч и верувам дека само со добар тим од квалитетни луѓе може да се стигне до подобри резултати, подобра програма и до подобра партиска структура во СДСМ, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во централниот дневник на МТВ 1.

Филипче посочи дека по објавувањето на предлог-програмата, има зголемен интерес од млади луѓе и експерти кои сакаат да се приклучат и да придонесат во креирањето на политики и развојот на партијата.

Има огромен интерес од кога се објави предлог-програмата која е работна верзија и која што ќе ја усвоиме како дефинитивна на Конгресот кој што треба да се одржи на 7 јуни. Секојдневно во последниот период се повеќе се приклучуваат млади луѓе, искусни луѓе кои што имаат и партиско искуство, се приклучуваат и луѓе од експертските сфери, разни професори, интелектуалци, луѓе кои што имаат искуства и кои што навистина сакаат да придонесат ова да биде една добра партија, рече Филипче.

Тој додаде дека интересот за поддршка и приклучување кон СДСМ и нејзините политики е зголемен поради три клучни основи, пред се поради економските предизвици со кои се соочуваат секојдневно, борбата против корупцијата и евроинтеграциите.

Луѓето сакаат подобар стандард, зборуваат за предлози за подобри плати. Има пензионери кои што се свесни дека оваа власт практично ги опљачка. Сега им нуди некое линеарно зголемување од 1.000 денари, иако сега доколку се останеше на нашиот систем за зголемување на платите најниската категорија ќе добиеше најмалку 1.500 денари и до 3.000 денари покачување на пензиите. Но еве успеаја да ги прелажат, ама пензионерите веќе се свесни. Тука се работниците кои што бараат поголеми плати, никој нема слух за нив не може да преживеат во овој период, рече Филипче.

Притоа, Филипче додаде дека значаен мотив за граѓаните е и потребата од силна борба против корупцијата и криминалот, како и продолжување на европскиот пат на државата, што е особено важно за младите.

Понатаму втората линија борба со корупција криминал и затоа ставаме акцент на антикорупцискиот тим на партијата и третата линија желбата да продолжи евроинтегративниот пат на земјата. Тоа е нешто што посебно ги интересира младите. Свесни се дека во оваа ситуација нема да има апсолутно никаков прогрес, рече Филипче.

Во интервјуто, Филипче најави дека СДСМ ќе продолжи со интензивни активности на терен и директна комуникација со граѓаните.

После велигденските празници веќе имаме разработено агенда, сите партиски членови посебно раководството тргнуваме во интензивни средби со граѓаните ширум државата, правиме договори со граѓаните за граѓаните, рече Венко Филипче, Претседател на Социјал демократскиот сојуз на Македонија – СДСМ.

 

интервју МТВ Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.