Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Нови двa случаја со Ковид-19, двете лица се соседи заразениот брачен пар во Дебар

0
By Нова ТВ on March 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 11, 2020 18:23

Регистрирани се нови два позитивни случаја на Ковид-19, двете лица, чии брисеви беа тестирани денеска, потекнуваат од Дебар и се соседи на тројцата веќе заболени со кои биле во чести контакти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција во Владата.

„Сите други нивни роднини кои живеат во истата куќа се негативни. Заболените ќе останат во изолација и лекување во домашни услови. Нивната здравствена состојба го дозволува тоа, односно, да не бидат хоспитализирани“, порача првиот човек на македонското здравство.

Согласно препораките на Комисијата за заразни болести се утврдија категории на лица со хронични заболувања кои ќе бидат ослободени од работа со соодветна потврда од матичен лекар.

„Ова се однесува за лица со хронични респираторни заболувања, тешки кардио-васкуларни заболувања, дијабет тип 1, малигни заболувања и имуно-компромитирачки состојби, а во текот на утрешниот ден ќе доставиме и подетална листа на дијагнози во рамки на овие групи на болести за да нема недоразбирање“, истакна Филипче.

Министерот за здравство истакна препорака до здравстените работници да не користат годишни одмори вбо овој период и да ги откажат и приватните и службени патувања бидејќи како што рече„секој здравствен работник е драгоцен“. Филипче нагласи дека секој работадавач кој нема да ја почитува одлуката за отсуство на вработен кој има дете до 10 години, ќе биде казнет според член 205 и 206 од Законот за заразни болести.

„Отсуството кон работавецот работникот го регулира со потврда од градинка за да се оправда. Одлуката важи и за дневните центри за лица со попреченост и за овие деца кои с е до 26 години и тие родители ќе треба да достават потврда. Се наметна прашање за двајца родители кои се од сектори како здравство, полиција, пожарна, армија за кои не важи отсуството. И во тие случаи едниот родител ќе биде  ослободен, исто како  и самохарните родители кои ќе се ослободат од работа. Овие мерки важат за сите и јавни и приватни организации и фирми и секое непочитување ќе биде казнето“, рече Филипче.

Тој нагласи дека од од утринава се спроведува мерката за да не се патува во ризичните региони, на граничните премини полицајците го спроведуваат прашалникот, а Црвен крст помага на Табановце и Богорица. Најави зголемување на екипите и на другите гранични цпремини.

Филипче апелира да се црпат информации од овие прес конферениции, и нагласи дека му е „жал  што вчера излегоа пред време информаци“. Пред болеста сме сите исти и здравјето е наш приоритет, заради тоа треба да се внимава, затоа се работи без прекин.

Во однос на изборниот процес, повторно нагласи дека сега фокусот е на одбрана од вирусот и има ситуации кои не може да се предвидат, така што тешко е да се предвиди. Засега нема затворање на границите , а тоа не го препорачува ниту СЗО, рече Филипче.

На Инфективна клиника има 7 заболени, сите се во стабилна состојба и со лесна клиничка слика. Првата заболена пациентка е добро и во наредните денови ќе биде пуштена дома. Филипче рече дека никој од тие што имале контакт со заболената директорка на Кожна клиника досега нема симптоми.

Венко Филипче здравство Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.