Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт минималната синдикална кошница секој месец урива нови рекорди

0
By Marija Todorovska on August 27, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред крајот на август и почетокот на есента, кој е еден од економски најтешките периоди за македонските семејства, сакам да се осврнам на клучните економски индикатори за работењето на оваа власт. Во изминатите неколку месеци, се изнаслушавме бројки и фалби од премиерот, кој очигледно мисли дека граѓаните во маркет пазарат со неговите ПР-трикови, а не со платата и приходите кои ги имаат. Една работа треба да ѝ биде јасна на владата – граѓаните се тие што знаат како живеат и каква е реалната состојба со економијата, цените и платите. Денес ќе споделам неколку анализи за кои сум сигурен дека се пореални за граѓаните, отколку оние на премиерот, во кои сме четврто, шесто или не знам кое место во Европа, рече на прес конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој истакна дека за една година ВМРО – ДПМНЕ  ја доведе државата во најголема економска несигурност нагласувајќи дека инфлацијата е 4,8%.

Минималната синдикална кошница, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, секој месец урива нови рекорди. Во јуни 2024 година, минималната синдикална кошничка изнесуваше 60.325 денари, а во август минатата година надмина 61.000 денари. Денес, после една година таа достигна 65.507 денари. Тоа значи дека во периодот откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, основните трошоци за живот се зголемени за околу 5.000 денари. Во исто време, минималната плата е зголемена за само 2.000 денари. Ова е директен удар врз стандардот на граѓаните. Во јуни 2024 година минималната синдикална кошница беше 60.325 денари, во јули 60.570,00 денари, во август лани над 61.199 денари, за овој месец да достигне 65.507 денари. Тоа значи дека откако ВМРО ДПМНЕ е на власт синдикалната кошничка е зголемена за 4.300 денари, додека минималната плата порасна само за 1.800 денари, вели Филипче.

Тој рече дека премиерот Мицкоски се фали со бројки за „раст на платите од 11, 12 или 13%“, но реалната плата во јуни пораснала само 3,8%, нагласувајќи дека „за прв пат после долги години имаме пад на просечната плата во споредба со претходниот месец, тоа беше случај во јуни“.

Тоа значи дека реалните бројки, не оние измислените од премиерот, покажуваат дека платите стагнираат, цените растат, а граѓаните губат. Во вакви услови, Мицкоски зборува дека платите „не смееле да растат затоа што имало инфлација“. Тоа е економска неукост. Продуктивноста расте само ако платите растат – тоа е елементарна економска логика. Или, ако сака премиерот со конкретни бројки: нашата продуктивност е 55% од европскиот просек, а платите само 35%. Значи проблемот не е во работниците – проблемот е во владата што ги држи платите ниски за да им одговара на бизнис-елитите, нагласи Филипче на прес конференцијата.

Според Филипче „сите економски експерти на власта постојано повторуваат дека кај нас се живеело добро ако биле ниски платите, а куповната моќ била висока. Но фактите повторно зборуваат друго. Македонската просечна плата е само 35% од просечната плата во ЕУ, а цените достигнуваат 60% од европскиот просек на цени. Поразително е тоа што го покажуваат последните податоци на евростат. Кого лажете и замајувате?“.

СДСМ и во најголемите кризи, и за време на ковидот и за време на енергетската криза, не бараше изговори за зголемување на платите. Ние преземеваме конкретни мерки. Преку анткризните пакети во вредност од над 2 милијарди евра, го сочувавме животниот стандард и работните места, а платите постојано растеа. Минималната плата од 8.000 денари ја зголемивме на 22.500 денари, а просечната плата од 22.000 денари, на 40.000 денари. Погрешно е со ВМРО ДПМНе ги прекина овие политики на постојано зголемување на платите, вели тој.

Филипче на прес конференцијата истакна и дека власта свесно ја разгорува инфлацијата, бидејќи им го полни буџетот и им ги зголемува профитите на блиските фирми.

Нема да отстапиме од нашите решенија за покачување на платите во сите сектори, зголемување на минималната плата на 500 евра, намалување на цените преку укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Повторно ќе ги поднесе преку Собранието. Битката за поголем приход е битка за достоинствен живот. И таа битка ќе ја водиме со вас и за вас, рече Филипче.

 

Венко Филипче ВМРО ДПМНЕ инфлација минимална плата Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.